Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Велес

Објекти/
Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ е едно од најстарите училишта во Македонија кое од неговото формирање во 1856/57 година до денес има непрекината образовна традиција и опстојува со истото име и на истата локација. Училишната зграда е изградена во 1929 год. од непознат архитект. Позиционирана на крстосница помеѓу две улици, нејзината композиција е сочинета од два речиси идентични трактови меѓусебно поврзани со нагласено конвексно заоблување, кај кое контрастот на полно и празно е особено изразен. Во овој аголен волумен сместена е влезната партија со трем обликуван со аркада над која на првиот кат има лоѓија со колонада која е во иста рамнина со фасадите, а на вториот кат се поставени три сетови со по три прозорци. Зградата се одликува со класичен просторен концепт, но духот на модерноста се чувствува во фасадите кои се мазни, прочистени и без никакви орнаменти, со исклучок на хоризонталните плитки венци кои ги разграничуваат катовите.
Година на градење 1929
Инвеститор / Сопственик Општина Велес
Град / Општина Велес
Адреса ул. „Архиепископ Михаил“ бр. 146, ул. „Кирил и Методиј“ бр. 2
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена