Куќа на Руса К. Гајдова

Објекти/
Семејната куќа на Гајдови се наоѓа во велешкото маало Дворови и е проектирана од Славко К. Гајдов по нарачка на неговата сестра Руса Гајдова. Со својот раномодерен дизајн отскокнува од куќите кои се типични за Велес во тој период. Објектот е составен од два тракта паралелно поставени на двете улици, кои се спојуваат во прекршен агол кој е нагласен со балконот на првиот кат. Во естетското обликување на фасадите применет е еднаков и чист геометриски третман. Тие се едноставни и ослободени од секаква декорација, а нивниот волумен е разбиен со правоаголните прозорци симетрично распоредени и две вертикали со по три окулуси во крајните делови на објектот.
Година на проектирање 1934
Инвеститор / Сопственик Руса К. Гајдова
Град / Општина Велес
Адреса Ул. „Ѓоре Оранџиев" бр.37
Катност По+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена