Куќа на браќата Ѓоргови (1928)

Објекти/
Во 1928 год. архитектот Солонцев за потребите на браќата Ѓоргови ја проектирал нивната прва куќа, во чија фасадна декорација се насетуваат влијанијата на арт деко стилот, каде одбраните мотиви изведени во вид на орнаменти или пластична декорација ја задоволувале посакуваната претстава за луксуз на богатите инвеститори. Куќата зафаќа парцела подлабоко вовлечена од линијата на главната улица, од каде делумно е видлива само нејзината најрепрезентативна богато орнаментирана жолта фасада, која има симетрична композицијата. Влезот во приземјето на објектот е централно поставен, над него по вертикала на секој од катовите има балкон и најгоре како завршница изведена е нагласена декорирана атика позади која е сокриен покривот (тренд што се појавува и кај куќата на Шукарев). Освен за домување, куќата се користела како преноќиште, а имало и винарска визба со голем базен во кој се преработувало грозје, се печела ракја и се произведувале вино, вињак и други пијалаци.
Година на градење 1928
Инвеститор / Сопственик Миле, Лазо, Петре и Никола Ѓоргови
Град / Општина Велес
Адреса Ул. „8 септември“ бр.78
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена