Дом на здружението на национални железничари и бродари во Велес (Офицерски дом 1937)
Објекти/Домот на друштвото на железничари и бродари во Велес го проектирал рускиот архитект Павле Крат (сместен во Белград) во 1938 година на државно земјиште кое градските власти бесплатно му го отстапиле на друштвото. Во времето на неговата изградба тој бил единствениот објект од овој вид во Македонија. Објектот има прочистен геометриски изглед и е реализиран во духот на модернизмот, со комбинирање на два волумени со различни височини, квадарен (во кој се сместени главните содржини) и потковичест (каде се сместени скалишниот полукружен простор и помошните содржини). Во периодот помеѓу двете Светски војни модерниот стил бил прифатен од страна на државните институции при изградбата на овој тип на објекти (домови, клубови, одморалишта за работници), заради едноставноста, функционалноста, пониската цена на градење и цврстината на градбата.
Архитект Павле В. Крат
Година на проектирање 1938
Инвеститор / Сопственик Здружение на југословенските национални железничари и бродари, Обласна управа - Белград
Град / Општина Велес
Адреса Ул.„Благој Ѓорев" бр. 35-17
Катност По+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е проектиран во 1938 год. Објектот е изграден во 1939 год.КатностПо+П+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)На приземјето била сместена собраниската салата, две канцеларии, тоалети и полукружни скали кои водат кон подрумот, катот и таванот. На катот се организирани соби за членовите, две кујни, трпезарија и тоалети. На северната страна имало долг правоаголен балкон со полукружен завршеток кој делумно навлегувал во западната фасада. Во таванот имало две простории за пружање и сушење на алишта.СтруктураКомбиниран масивен и скелетен конструктивен систем. Темелите и подрумските ѕидовите се направени од кршен камен со слоеви на набиен бетон, додека ѕидовите во приземјето, катот и таванот се од тули. Секој кат е меѓусебно поврзан со серклажи. Меѓукатната конструкција на подрумот и над приземјето се армирано бетонски, а таа помеѓу катот и таванот е дрвена (едноредна). Sидовите во приземјето околу собраниската салата не се носечки (товарот паѓа на столпците) и затоа по потреба можат да се рушат и менуваат заради евентуални адаптации.ПокривКровната конструкција е дрвена. Кровен покривач - изведен во лим.ФасадаНа фасадите на зградата нема детали ниту украсни елементи. Sидовите се малтерисани со продолжен малтер и шприцани во боја, а цоклето изработено во терацо. Главната влезна врата е нагласена, со големи димензии и широка стреа, излегува од рамнината на фасадата и е оивичена со камени плочки во жолта боја. На северната страна имало долг правоаголен балкон со полукружен завршеток кој делумно навлегувал во западната фасада (детаљ кој често се појавува кај модернистичките објекти од тој период). Завршното фасадното обликување на домот делумно отстапува од тоа во проектот.СтоларијаНадворешната столарија била дрвена со двоен систем на прозорци на првиот кат.ПартерПартерот бил осмислен како парк/градина опкружена со камени ѕидови, тераса на источната страна со пергола, зеленило и дрвја.КонтекстСо развојот на индустриското производство и на сообраќајната инфраструктура во кралството Југославија, се зголемил бројот на работници, почнале да се формираат работнички синдикати, здруженија и клубови со што се наметнала потребата од изградба на објекти наменети за нивните потреби. Велес бил значаен железнички центар на пругата од Белград кон Солун и голем број од наслението работело за железницата. Домот бил прв од ваков вид на теритријата на Македонија и имал за цел да им пружи разонода, дружење и одржување на разни секции (оркестар, хор итн.), матинеа и разни свечености и игранки на железничарите.
- ПокривЕдноводен, сокриен кос покрив покриен со лим.ФасадаНа фасадите на зградата нема детали или украсни елементи, освен новопоставените лого и натписот „Офицерски 1937" кои се повторуваат на две од фасадите. Sидовите се малтерисани и шприцани во две бои (квадарниот волумен е бел, а потковичестиот е во антрацит боја). Главната влезна врата е оригиналната која е оивичена со керамички плочки во кафена боја. Додадените бочни доградби се изведени во метал и стакло на додадените.ПартерТоа што некогаш било градина на домот, сега е зафатено со доградбите во кои се сместени две угостителски содржини. Објектот се наоѓа фронтално поставен на главна улица, а од останатите три страни е опкружен со мал јавен парк и дел наменет за паркирање од задната (источна) страна.Ентериер / Заеднички содржиниВо доградениот северен застаклен дел сместен е модерен ресторан. Јужниот застаклен дел ќе биде бар и е во фаза на внатрешно уредување. Во некогашната голема сала сочуван е еден од оригиналните ѕидови во тула кој е немалтерисан. Променети се оригиналните подови со плочки за надворешна употреба. Делот кај скалите е премалтерисан и променета е облогата на самите скалила со плочки. Катот и поткровјето беа во фаза на реновирање и адаптација на просторот во хотелски соби.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениОд изградбата до 2020 година не се правени позначителни интервенции на објектот. По долгогодишни контроверзии околу стопанисувањето со Офицерскиот дом (извесен период му припаѓал на Министерството за одбрана), Општината Велес успеала да го врати домот во свое владеење и во 2020 година на распишан конкурс склучила договор за јавно приватно партнерство со компанија која се обврзала да изврши реконструкција-ревитализација на зградата во рок од 12 месеци. По извршената реконструкција, кај објектот се направени извесни промени. На приземјето, некогашната конференциската сала е пренаменета во ресторант, а канцеларијата, тоалетите и полукружните скали кои водат кон подрумот, катот и таванот сè уште постојат со истата намена, но променета им е завршната обработка. На катот, во моментот на увидот се вршеа градежни работи со цел адаптација на тој простор во хотелски. Долгиот правоаголен балконот на северната страна е покриен и затворен со ѕид и со прозорци. На главната фасада целосно е затворен еден од седумте постоечки прозорци. Во таванот сè уште постојат две простории, но се со поинаква намена. На северната, источната и јужната страна од постоечката градба додадени се целосно застаклени простории кои имаат угостителска намена.
- историскa архитектонска и естетска емотивна општествена / социјална
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и останатите носители на одлуки да ги земат предвид вредностите кои објектот ги поседува, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објекти.
- Тодоровски, З. & Цветковска, Н. (2007). Велес меѓу двете светски војни (1919-1941). Менора, Скопје. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Велес. арх.бр. 9.3.32.26/482-501. Kadijević, A.& Ilijevski, A. (2021). Arhitektura i vizuelne umetnosti u jugoslovenskom kontekstu 1918–1941. Beograd. Univerzitet u Beogradu, Filozofski fakultet. Дума.мк. (2020, Април 27). Велес – железнички крстопат меѓу двете светски војни. Преземено февруари 2025, од https://duma.mk/region/veles-3/28984-2020-04-27-15-26-35/