Куќа на Лазар Глушков

Објекти/
Проектот за куќата на Лазар Глушков (велешки трговец кој често патувал низ Европа), го изработил прославениот македонски композитор, диригент и педагог Стефан Гајдов, инспириран од куќите кои ги гледал во Белград додека студирал на тамошната Музичка школа. Куќата се наоѓа во велешкото Влашко маало и со својата богата надворешност се истакнува од соседните куќи. Нејзиното надворешно обликување, со употреба на керамички и штукатурни орнаменти во украсувањето на фасадите, е во манирот во кој се обликувани и некои од куќите на богатите велешки трговци изградени во истиот период.
Година на проектирање 1928
Инвеститор / Сопственик Лазар Глушков
Град / Општина Велес
Адреса Ул. „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ бр. 41
Катност По(П)+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена