Куќа на браќата Ѓоргови
Објекти/Во 1930 год. браќата Ѓоргови повторно го ангажирале рускиот архитект Николај Солонцев да изработи проект за нивната втора семејна куќа, во непосредна близина на првата. Куќа се наоѓа во самиот центар на Велес, директно поставена на фронтот на главната улица и има впечатливо аголно заоблување во кое се сместени две лоѓии на првиот и вториот кат и отворен балкон на поткровјето.
Во споредба со останатите градби на Солонцев, оваа има најпрочистенo фасадното обликување. Со употреба на две нијанси на жолта боја кои наизменично се менуваат, направен е визуелен растер кој вертикално го нагласува објектот. На уличната фасада, во вовлечените посветли полиња кои на вториот кат се оивичени со декоративни полукружни венци, сместени се прозорците под кои е поставена теракотна пластика произведени во фабрикаta на Лефкови. Над прозорците од вториот кат има три декоративни еркери на кои се потпирал покривот. Како и кај останатите куќи проектирани од Солонцев и кај оваа во фасадното обликување се насетуваат арт деко влијанија.
Архитект Николај Солонцев
Година на градење 1930
Инвеститор / Сопственик Миле, Лазо, Петре и Никола Ѓоргови
Град / Општина Велес
Адреса Ул. „8 септември“ бр. 74
Катност П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е изграден во 1930 год.КатностП+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)На приземјето имало дуќан и кафеана кои имале влез на аголот, а на катовите - домување со независни станбени единици (на секој кат по една единица). Влезот во резиденцијалниот дел е од јужната страна. Оваа поделба по намени е актуелна и денес. Во периодот по ослободувањето кога првата куќа на Ѓоргови била национализирана, целото семејство живеело во оваа куќа, а кафеаната и дуќанот биле затворени и во приземјето била сместено државното претпријатие „Ангро Вардар“.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Кровната конструкција е дрвена.ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди. Исфрлување на крвот на еркери подржани на фасадата на источната главна фасада.ФасадаФасадата е малтерисана и обоена во две нијанси на жолта боја. Како фасадна декорација употребена е керамичка пластика, штукатурна декорација во помал обем и декоративни прозорски огради од ковано железо. На задната фасада нема никаква декорација.СтоларијаНадворешната столарија е со дрвени прозорци и врати. Заштитните огради на прозорците на јужната фасада се изработени од ковано железо, кои се умешно дизајнирани.ПартерКуќата со својата источна фасада излегува директно на главната улица, а со јужната фасада од каде е влезот во станбениот дел, на мала слепа, приватна патека.КонтекстСо нејзиниот репрезентативен габарит и приземје во кое биле сместени кафеаната и дуќанот на Ѓоргови, куќата се вклопувала во контекстот на главната велешка улица, долж која работеле дуќаните на некои од најпознатите велешки трговски фамилии како Левкови, Шукареви, Палашеви и Органџиеви, како и фотографскиот дуќан на Дамаскин Манушев. Николај Солонцев со својот градителски опус во Велес ги донел новите архитектонски влијанија, со кои започнал процесот на модерзницација во архитектонското обликување по углед на новиот европски модел на куќа.
- ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди.ФасадаФасадата е малтерисана и обоена во две нијанси на жолта боја. Како фасадна декорација употребена е керамичка пластика, штукатурна декорација во помал обем и декоративни прозорски огради од ковано железо. На задната фасада нема никаква декорација.СтоларијаДрвени прозорци и врати. Заштитни огради на прозорците на јужната фасада изработени од ковано железо.ПартерКуќата со својата источна фасада излегува директно на главната улица, а со јужната фасада од каде е влезот во станбениот дел, на мала слепа, приватна патека.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраПромениВо периодот по ослободувањето на Велес била отстранета стреата која ја носеле трите декоративни еркери и столпци на источната фасада на куќата и делот што бил поткровје се претворил во трет кат, што довело до промена и кај кровната конструкција. Столпците биле отстранети, а декоративните еркери останале и сè уште постојат. Приземјето во кое биле кафеаната и дуќанот на Ѓоргови било национализирано и во него било сместено државното претпријатие „Ангро Вардар“, што донело до промена во неговиот изглед и просторен концепт. По денационализацијата, кога на семејството му била вратена првата куќа, направено е поврзување со метални скали и мостови помеѓу нивните две куќи заради кое бил направен отвор во западната фасада. Приземјето било/е изнајмувано на различни компании кои со сопствените уредувачки концепти и реклами не секогаш се прилагодувале кон фасадното обликување на куќата како целина (фасадните профили на продавницата коа го користи приземјето моментално, се поставени на висина од фасадата на начин со кој половично го прекриваат оригиналниот керамички детал на аголот). Кај сите прозорци се монтирани ПВЦ ролетни. Покривот е обновен и покриен со нови ќерамиди.
- историскa архитектонска и естетска емотивна Од историски аспект, интересен е податокот дека речиси до крајот на својот живот (2000 год.) на најгорнот кат од куќата живеела Рахилка Фирфова - Раца (омажена за Никола Ѓоргов) која била голема љубов и инспирација на македонскиот поет Коста Солев Рацин.
- Надлежните институции за заштита на културното наследство и до останатите носители на одлуки: Земајќи ги предвид автентичноста, состојбата на сочуваност и културно-историското эначење на објектот како нераскинлив дел од развојот на Велес, истиот да биде препознаен како градителско културно наследство од периодот помеѓу двете Светски војни и да биде впишан во инвентарот за вредни објекти. Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Просен, И. М. (2014). Ар деко у српској архитектури. Докторска дисертација. Универзитет у Београду Филозофски факултет, Одељење за историју уметности Kadijević, A.& Ilijevski, A. (2021). Arhitektura i vizuelne umetnosti u jugoslovenskom kontekstu 1918–1941. Beograd. Univerzitet u Beogradu, Filozofski fakultet Дума.мк. (2018, Јуни 4) Ѓоргови – образовано, чесно и имотно старо велешко семејство. Преземено декември 2024, од https://duma.mk/region/veles-3/25309-2018-06-04-00-09-55/ Ладински, В. (2020, Декември 2). Градителското наследство на руските архитекти кај нас, Порта3. Преземено ноември 2024, од https://www.porta3.mk/graditelskoto-nasledstvo-na-ruskite-arhitekti-kaj-nas/ ТиРековМиРече. (2017, декември 23). Преземено декември 2024, од http://www.tirekovmirece.com/Novost/Куќата-на-Шукара%2C-работена-по-нацрт-на-руски-мигрант Дума.мк. (2018, Јуни 13) Рахилка Фирфова Ѓоргова: „Зборовите напишани на картичките од Рацин се врежани во мојата душа“. Преземено декември 2024, одhttps://duma.mk/region/veles-3/25379-2018-06-13-12-21-08/