Народен музеј Велес (Зграда на Околиски одбор)

Објекти/
Зградата на денешниот Народен музеј - Велес, била изградена во текот на 1934 год. како Народен дом во кој бил сместен Околискиот одбор. Објектот е конципиран со умерено присуство на декоративни елементи изведени под влијание на српско-византискиот стил. Уличната фасада е симетрична по вертикала со два странични волумени благо испакнати нанапред и средишен волумен во кој е главниот влез е фланкиран со два столба кои носат полукружен лак. Фасадата е хоризонтално расчленета по катови со нагласени венци и калкански завршетоци зад кои е сокриен покривот. Прозорците на приземјето се правоаголни, на катовите во бочните волумени се трифорни, а во централниот волумен се бифори кои се интерпонлирани во лачно засводена ниша.
Архитект Никола Герд.
Година на проектирање 1930
Соработници Архитект Ковачевиќ
Град / Општина Велес
Адреса Ул. „8 септември“ бр. 30
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена