Кино „Братство“
Објекти/Објектот на кино, „Лешковиќ“ (Братство), било отворено на 23 октомври 1935 година. Објектот со неговите фасади излегува на две улици. Влезот во објектот е од улица Страшо Пиџур. Објектот е во модернистички стил со влијание на традицијата, ослободена од орнаментика со прочистена симетрична фасада над која е се поставена рамна тераса - видиковец.
Година на градење 1935
Инвеститор / Сопственик Семејство Лешковиќ
Град / Општина Тетово
Адреса ул. „Страшо Пинџур“ бр. 121
Катност По+Пр+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е изграден 1935 год.КатностПо+Пр+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во подрумот и приземјето се сместени комерцијални дејности, а на катовите станбени содржини.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем. Покривот е изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ПокривОбјектот е решен со повеќеводен кос покрив покриен со ќерамиди. Видиковецот има рамна отворена тераса.ФасадаПрочистена фасада со ритмично поставуваање на прозорските отвори, завршна обработка во цементен малтер со скромна фасадна декорација со окер-розе боја. Тенки плочи на балконите со специфичната ограда изведена со челични профили во линиска композиција.СтоларијаНадворешната столарија е со боени дрвени прозорци и врати. На првиот поставени вградени дрвени заштитни ролетни. Прозорците се изработени од дрво со потенцирана хоризонатлна профилација.ПартерОбјектот со неговите фасади излегува на две улици непосредно до Тетовската чаршија. Влезот во објект е на улица „Страшо Пинџур“.Ентериер / Заеднички содржиниОваа нова установа важела за „модерно кино“, опремено со сите предуслови што се очекувале од културна институција од тоа време. Со поголем капацитет за седење од 460 места, киното „Лешковиќ“ нудел поекспанзивно искуство за гледање, со партер, балкон и ложа. Овој архитектонски дизајн, со своите различни нивоа на седење, одразувал различни цени на билетите и потенцијално социјална (струкура) сталеж во публиката.
- ПокривОбјектот е решен со повеќеводен кос покрив покриен со ќерамиди. Видиковецот има рамна отворена тераса.ФасадаПрочистена фасада со ритмично поставуваање на прозорските отвори, завршна обработка во цементен малтер со скромна фасадна декорација со окер-розе боја. Тенки плочи на балконите со специфичната ограда изведена со челични профили во линиска композиција. Фасадата е целосно променета во приземниот дел со промена на деловна намена има интервенции од неоригиналност, фасадата е обоена со (сива) боја, облепена со големи плакати и поставени реклами на излозите, а пак задниот дел од објектот има и доградба , остатоци од некогашен ноќен клуб „Бабилон“.СтоларијаСтоларијата на приземјето поради деловната намена е променет со оков во алуминиум. Надворешната столарија е на катовите со боени дрвени прозорци и врати со вградени дрвени заштитни ролетни. Прозорците се изработени од дрво со потенцирана хоризонатлна профилација.ПартерГлавната фасада е дел од уличен фронт во низа, а споредната е на агол-влез во сокаче.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениСтоларијата кај вратите и излозите на дуќаните е променета со ПВЦ/алуминиумска.
- историскa архитектонска и естетска општествена / социјална
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Проект Раско Македонија. Преземено 2025 јануари, од https://www.rastko.rs/rastko/delo/11719