Куќа на улица „Пролетерски Бригади“
Објекти/Објектот се наоѓа во централното подрачје на Струга, близу до главната пешачка променада - чаршијата, и нормално на неа, главната колска улица која води до езерото. Според историските фотографии, објектот има катност од П+2К и се работи за објект во низа. Приземјето е со поголема висина од катовите, и според тоа претпоставката е дека се користело за комерцијална намена. Воочливи се прозорите на првиот кат со полукружни завршетоци, а истиот формален манир се забележува на балконот на вториот кат, над која се појавува натстрешница и знак (L, S, O, 1943) со второстепена пластика.
Година на градење 1943
Град / Општина Струга
Адреса ул. „Пролетерски бригади“ бб
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+2Програмски опис (опис на план по катови)Приземјето е со комерцијална намена, а катовите се со станбена содржина.СтруктураЅидовите на објектот се изведени од полна тула.ПокривДвоводен покрив, како покривачки материјал е користена ќерамида. Западната (улична) фасада има надвишување во вид на атика и делумно го крие двоводниот покрив.ФасадаМалтер во бела боја, над првиот кат има исфрлено балкон со полукружни завршетоци кој го акцентира влезот во објектот, а под него по цела должина на објектот има хоризонтален фриз. Над терасата има мала натстрешница, декоративно обработена.СтоларијаНадворешната столарија е изработена од дрво. Во приземје се појавуваат високи прозорци (излози), во висина на врата, со големи стаклени површини. Воочливи се прозорите на првиот кат со полукружни завршетоци. Се појавуваат и дрвени капаци.КонтекстКуќата е изградена во централното подрачје на Струга, близу до главната пешачка променада - чаршијата, и нормално на неа, главната колска улица која води до езерото. Таа е дел од повеќе објекти во низа, што зборува за историското густо ткаење на овој предел на градот.
- ПокривДвоводен покрив, како покривачки материјал е користена ќерамида. Западната (улична) фасада има надвишување во вид на атика и делумно го крие двоводниот покрив.ФасадаМалтер во бела боја. Задржан е балконот на вториот кат со полукружни завршетоци, и останатите елементи на вториот кат како знакот и натстрешницата со второстепена пластика. Со реновирање на фасада само се префарбани бо бела боја.СтоларијаСтоларијата на објектот е заменета со ПВЦ. Прозорците на првиот кат со полукружни завршетоци се заменети со нови прозорци со правоаголна геометрија.Ентериер / Заеднички содржиниПодови и скалишна партија од керамички плочки со железни огради. Sидови и плафони малтерисани со бела боја. Забележливи се цветни декоративни апликации на скалиштето за кои веројатноста е дека се оригинални.Состојба на надворешностазадоволителнаСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешносталошаАвтентичност на внатрешносталошаПромениСпоредувајќи со стари фотографии, забележливи се промените во западната фасада на објектот во приземје и кат и тоа во огромна мера. Оригинално со четири дрвени врати во приземје кои денес се застаклени и места за рекламирање. На првиот кат оригинално се појавуваат четири мали прозорци со полукружни завршетоци, а денес се заменети со шест големи прозорци кои скоро целосно ја отвораат/застаклуваат фасадата.
- Куќата е веќе во голема мера изменета од оригиналот и доколку така продолжи, може да стане непрепознатлива.
- архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.