Царински терминал / Сегашно Министерство за одбрана

Објекти/
Објектот е класичен претставник на градската архитектура, кој датира од почетокот на XX век, поточно во 1934 година од италијанската окупаторска војска како царински терминал, бидејќи во близина била италијанско–бугарската граница. Се наоѓа непосредно до Охридското езеро и устието на река Дрим во истото. Во периодот од 1945 до 1952 година служи како воена команда на ЈНА. Во 1953 година го презема туристичката агенција „Турист” со што објектот станува првиот хотел во Струга, наречен хотел „Галеб”. По 1965 година, објектот го презема општината и оттогаш функционира како општинска зграда каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други сектори. Моментално објектот го користи Министерствотo за одбрана - п.е. Струга. Сегашната спратна висина на објектот е П+2 ката и висок тавански простор со кружни отвори видливи на фасадата, поточно соодветствува со висината на објектот добиена со последните преправки. Објектот го задржал оригиналниот фасаден изглед и оригиналниот ентериер од 1953 година кога е изграден вториот кат. Одолевајќи му на товарот на времето, овој објект е вистински показател на архитектонско – градежните вредности на периодот во кој е изграден.
Година на градење 1934
Инвеститор / Сопственик Италијанската окупаторска војска
Град / Општина Струга
Адреса ул. „Партизанска“ бб.
Катност П+К (во 1953 се доградува уште еден кат и поткровје, денес објектот е со катност П+2+Пк)
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има