Милева куќа
Објекти/Милева куќа е слободностоечки станбен објект на кос терен, влезот во објектот е преку дворот. Се наоѓа во близина на центарот на градот. Архитектонскиот концепт е со чисти геометриски волумени, чисти фасади со отсуство на декоративни елементи. Јасно препознатливо скалишно јадро во аголот на северната фасада. Визуелно издвоен со повисока атика од самиот венец и различно третирање на прозорските отвори.
Период 1940-1949
Град / Општина Штип
Адреса ул. „Љубен Иванов“ бр. 14
Катност П+3
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+3Програмски опис (опис на план по катови)Целиот објект е со станбена намена.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем, исполна од полна тула.ПокривПовеќеводен покрив, со покривање од ќерамиди. Во делот на скалишното јадро има атика која е повисока од венецот на северна фасада.ФасадаЗавршна обработка на фасада во малтер. Плитка пластика кај дел од прозорските отвори и профилација кај венецот.СтоларијаОбјектот има дрвена надворешна и внатрешна столарија.ПартерОбјектот е поставен на кос терен. Предниот двор (северна страна) е кренат на ниво на влез во објект. Се појавуваат бетонски потпорни ѕидови кон улицата. Оградата е комбинација од бетонски ѕид, а над него метална ограда и порта за влез во двор.КонтекстМилева куќа е слободностоечки станбен објект на кос терен. Околу него се појавуваат објекти со колективна станбена намена, кои се изградени подоцна.
- ПокривПовеќеводен покрив, со покривање од ќерамиди. Во делот на скалишното јадро има атика која е повисока од венецот на северната фасада.ФасадаЗавршна обработка на фасада во малтер. Плитка пластика кај дел од прозорските отвори и профилација кај венецот.СтоларијаДел од столаријата е променета со ПВЦ прозорци, а остатокот е автентична, дрвена столарија.ПартерОбјектот е поставен на кос терен. Предниот двор (северна страна) е кренат на ниво на влез во објект. Се појавуваат бетонски потпорни ѕидови кон улицата. Оградата е комбинација од бетонски ѕид, а над него метална ограда и порта за влез во двор.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на столарија. Метални порти за пристап на коли на северна страна и метална порта на источна страна. Доградба на гаражи во заден двор (јужна страна).
- Најголеми закани и ризици за градбата се променливите заштитни и градежни политики, како и прилагодувањето на законските регулативи кои не одат во прилог на нејзиното зачувување, што резултира со секојдневно обезличување или губење на вредни објекти кои сведочат за урбаниот развој на Штип и обезбедуваат негов историски континуитет.
- историскa архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.