Станбен зграда на улица „Маршал Тито“ бр. 20
Објекти/Објектот се наоѓа на Кеј Маршал Тито, покрај реката Отиња и е дел од објектите кои го оформуваат плоштадот на град Штип. На северната страна на објектот се надоврзува друг објект (Управа за јавни приходи) кој го следи венецот на станбениот објект. Се претпоставува дека е изграден во триесеттите години на 20-тиот век. Архитектот не е познат. Влезот во објектот е од западната страна.
На јужната и источната фасада има исфрлени волумени кои продолжуваат во тераси и заоблени агли на објектот. На првиот кат дополнително се акцинтирани аглите со полукружни исфрлени волумени.
Период 1930-1939
Град / Општина Штип
Адреса ул. „Маршал Тито“ бр. 20
Катност По+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- КатностПо+П+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Приземјето се користело за стопанска дејност, било градска аптека, а катовите се со станбена намена.ПокривПовеќеводен покрив, покривање со ќерамиди.ФасадаФасадна обработка во малтер со ситна пластика која ги нагласува прозорските отвори и балкони. Преминот од една кон друга фасада е полукружен со прозорци. Јужната фасада како улична е симетрична и доминира. На први и втори кат во фасадното обликување има разиграност со тераси и прозорци. *Извадок од Решение за утврдување својство на споменик на културата, издадено од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Штип.СтоларијаОбјектот има дрвена столарија. Скалишното јадро е осветлено со прозорци со метални рамки по цела висина. Балконите имаат метална ограда.КонтекстОбјектот се наоѓа на Кеј Маршал Тито, покрај реката Отиња и е дел од објектите кои го оформуваат плоштадот на град Штип. Поставен е на благ терен. На северната страна на објектот се надоврзува друг објект (Управа за јавни приходи) кој го следи венецот на станбениот објект.
- ПокривПовеќеводен покрив, покривање со ќерамиди.ФасадаФасадна обработка во малтер со ситна пластика која ги нагласува прозорските отвори и балкони. Преминот од една кон друга фасада е полукружен со прозорци. Јужната фасада како улична е симетрична и доминира. На први и втори кат во фасадното обликување има разиграност со тераси и прозорци. *Извадок од Решение за утврдување својство на споменик на културата, издадено од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Штип.СтоларијаДел од оригиналната дрвена столарија е задржана на прв кат и поткровје, прозорците со метални рамки кои го осветлуваат скалишното јадро. Балконите имаат метална ограда.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на столарија. На источната, јужната и западната фасада има додадено монтажни тенди. На источната фасада е додадена натстрешница и прозорци, со што се добива еден преграден дел вон волуменот на оригиналниот објект.
- Најголеми закани и ризици за градбата се променливите заштитни и градежни политики, како и прилагодувањето на законските регулативи кои не одат во прилог на нејзиното зачувување, што резултира со секојдневно обезличување или губење на вредни објекти кои сведочат за урбаниот развој на Штип и обезбедуваат негов историски континуитет.
- Има Решение бр. 0801-128 од 18.09.1997 ЗЗСК, Штип
- историскa архитектонска и естетска емотивна Објектот припаѓа на меѓувоениот период и е еден од првите примери на ран модернизам. Објектот е на значајна локација во градот и е дел од колективната меморија.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Извадок од Решение за утврдување својство на споменик на културата, издадено од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Штип.