Куќа на фамилија Калкашлиеви
Објекти/Објектот се наоѓа во стариот дел на градот, на брдото, во близина на Архивот, Општината и Мал Парк Струмица. Има правилен волумен, на северозападниот дел од објектот се формираат тераси и се формира трем, преку кој се влегува во објектот. Терасите имаат благо, аголно заоблување со што го акцентираат слободниот агол кон улица. На југоисточниот дел од објектот се надоврзува друг објект. На југозападната страна има двор, до кој се пристапува само преку куќата.
Куќата на Калкашлиеви содржи карактеристики на западноевропската архитектура од 30-тите години на 20 век, која во поставката на тремот и балконот содржи елементи на експресионизмот.
Период 1930-1939
Град / Општина Струмица
Адреса ул. „Герас Цунев“ бр. 2
Катност П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+2Програмски опис (опис на план по катови)Целиот објект има станбена намена.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем со армирано бетонски плочи. Како исполна во дел од приземјето е користен кршен камен, а остатокот од ѕидовите се со полна тула.ПокривПовеќеводен покив со покривање од ќерамиди. На северозападната страна дел од покривот е решен како рамна кровна тераса, која се акцентира дополнително со бетонска атика видлива од надвор.ФасадаОбјектот од една страна има калкан, а отворите се појавуваат само на две фасади (североисточна и југозападна). Експресивно решавање на тремот и балконите кои аголно го акцентираат објектот.СтоларијаРитмично поставување на прозорци. Дрвена столарија во цел објект.КонтекстОбјектот е граден како куќа во низа со тоа што калкан има од едната страна, од другата страна никогаш не е дограден објект. Влезот е од улица (североисточна фасада) преку трем. Во иста оска на влезот се надоврзува и излез кон двор, ограден со ѕид од полна тула.
- ПокривПовеќеводен покрив со покривање од ќерамиди. На северозападната страна дел од покривот е решен како рамна кровна тераса, кое се акцентира дополнително со бетонска атика видлива од надвор.ФасадаОбјектот од една страна има калкан, а отворите се појавуваат само на две фасади (североисточна и југозападна). Експресивно решавање на тремот и балконите кои аголно го акцентираат објектот. Фасадата нема завршна обработка. Денешниот изглед укажува дека фасадата не била довршена.СтоларијаРитмично поставување на прозорци. Дрвена столарија во цел објект. Промена кај еден прозорец на југозападна фасада (кон дворот). Додадени ролетни кај дел од прозорците.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениНатстрешница над врата на југозападна фасада (кон дворот). Додадени ролетни на прозорците. Метална ограда на прозорецот и влезот на приземје.
- Објектот има големи пукнатини, запуштен двор и руинирана ограда. Објектот е напуштен, а фасадата никогаш не била довршена. Оштетувањата претставуваат закана за целосно губење на интегритетот на објектот.
- историскa архитектонска и естетска Објектот е изграден во триесеттите години, со стилски елементи од западноевропската архитектура од истиот период.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Архив на Струмица М. Токарев, 100 години Македонска Архитектура, Скопје 2006