НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица и Архив
Објекти/Објектот е аголна зграда, поставен на терен во пад со источната и јужната фасада излегува на улиците „Герас Цунев“ и „27 Март“. Главниот влез е на јужната страна, а споредниот на западната. Подрумот и приземјето ги користи Архивот, а катот го користат НУ Завод и Музејот, како простор за постојана музејска поставка. Во основа е правоаголна зграда со површина од 290,77 м². Се забележува прочистена и консеквентна употреба на архитектонско-стилските изразни средства на модерната архитектура.
Кај овој објект се присутни редуцирани и геометризирани традиционални форми посебно забележително во низот на лачни прозорци на катот, како и симетрично расчленети фасади, во кои се интерполирани вертикални пиластри во функција на расчленување на фасадниот волумен, сепак начинот на кој е спроведена организацијата на елементите во стилски кохерентна целина, недвосмислено го вбројува овој објект меѓу позначајните претставници на модерниот израз во архитектурата. Кон таквиот впечаток придонесува и низот од кружни прозорци разместени во калканскиот надоѕидок на сите три страни на објектот. Овој елемент ќе стане омилено средство преку кое може да се изврши одредено „препознавање“ на архитектоско-стилскиот образец, во контекст на неговото модерно одредување.
Година на градење 1931-1934
Град / Општина Струмица
Адреса На аголот на ул. „27 Март“ бр. 7 и ул. „Герас Цунев“
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 80-тите години на приземјето и катот е направена доградба на санитарен јазол кој е долепен на северната фасада. Во 1997 година на западната страна од објектот е извршена доградба, така што новата музејска зграда и објектот имаат поврзување преку мост само на катот. Околу 2000 година извршена е градба на нов објект (станбена зграда), која е долепена на северната страна на објектот.КатностПо+П+1Програмски опис (опис на план по катови)Подрумот и приземјето ги користи Архивот, а катот го користат НУ Завод и Музејот, како простор за постојана музејска поставка.СтруктураОбјектот е граден во масивна градба со ѕидови од камен во подрумскиот дел и полна тула на приземјето и катот.ПокривПокривот е изведен од дрвена меѓукатна конструкција, сложен, повеќеводен, со покривање ќерамида. Покриво е скриен со ограда - балустрада која ја формира фасадата.ФасадаОбјектот е фасадиран со продолжен малтер кој е прскан со ризла, а обоен е во колорит со окер и сив тон, додека цоклето е обработено со терацо техника во црно-бел тон.СтоларијаРитмично поставени дрвени, двокрилни, дупли прозорци во бела боја, правоаголни во приземје, лачни прозорци на катот и кружни прозорци во калканскиот надоѕидок.КонтекстАрхивот и Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица е лоциран во централното градско јадро, на почетокот на стариот дел на градот Струмица, во непосредна близина на Стариот театар, Орта џамија, археолошкиот локалитет Мачук, староградската куќа - Турска пошта и други позначајни објекти.
- ПокривПовеќеводен покрив со покривање од ќерамида. Покривот е скриен со ограда - балустрада која ја формира фасадата.ФасадаОбјектот е фасадиран со продолжен малтер кој е прскан со ризла, а обоен е во колорит со окер и сив тон, додека цоклето е обработено со терацо техника во црно-бел тон.СтоларијаДрвените прозорците на објектот се заменети со ПВЦ прозорци во бела боја со иста димензија и облик. Влезната врата е дрвена со лачен завршеток и стаклени делови.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешносталошаПромениВо 80-тите години заѕидани се неколку прозорци заради оформување на музејската поставка на катот. Во истиот период е поставена и метална натстрешница над споредниот влез. Во 1997 година целата фасада е повторно обоена. Во 2010 година во приземјето е извршено замена на старата столарија со ПВЦ прозорци со иста димензија и облик. Во 90-тите години поставена е нова дрвена влезна врата на јужната фасада од објектот и натстрешницата над неа, од лим. Во 1997 година прозорецот над влезната врата е затворен до половина со иверица, кога подрумскиот дел се отстапил на Архивот, во истиот период заѕидан е влезот на источната страна. Во 2010 година до некои прозорци во приземјето поставени се клими. На стари фотографии може да се видат хоризонтални венци по цела должина на балустрадата, кои подоцна се искршени.
- Има Решение Уп. бр. 18-281 од 07.12.2012 год. / Решение Уп. бр. 18-282 од 23.11.2012 год.
- историскa архитектонска и естетска емотивна општествена / социјална Објектот е меѓу позначајните претставници на модерниот израз во архитектурата. Објектот е значаен за идентитетот на градот.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Архив на Струмица К. Грчев, Архитетонските стилови во профаното градоградителство во Македонија меѓу двете светски војни 1919-1940, Скопје 2001