Аптека и куќа на Михаил Стојанов (Милчо аптекарот)

Објекти/
Објектот на аптеката го зафаќа аголот на главното шеталиште во Струмица и улицата „Маршал Тито“. Изграден во периодот помеѓу двете светски војни, архитектот не е познат. Стилски припаѓа на раната модерна, со прочистена фасада од орнаменти и појавување на кружни прозорчиња кои ќе станат средство за препознавање на модерниот израз во архитектурата. Во основа објектот се развива во форма на буквата „Г“. Чисти геометриски форми и полукружно обликуван агол, акцентиран со заоблен балкон на првиот кат. Аголот дополнително е акцентиран со висока атика која го затскрива косиот сложен покрив.
Период 1930-1939
Град / Општина Струмица
Адреса ул. „Герас Цунев“ бр. 2
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена