Куќа на Камиларови
Објекти/Семејната куќа на фамилија Камиларови е изградена во периодот помеѓу двете светски војни. Архитектот на објектот не е познат. Објектот се наоѓа во стариот дел на градот, во близина на плоштадот. Влезот во куќата е од улица „Невена Стојкова“, југоисточната фасада на објектот. Таа е единствената фасада која излегува на улица.
Стилски припаѓа на раната модерна. Архитектонскиот концепт на објектот е со кубичен волумен и чисти, геометриски третирани фасади. Објектот е формиран од три волумени од кои се издвојува средишниот највисок, вертикален волумен во кој е сместен скалишниот простор. Чистиот, геометриски волумен е разбиен со балкон на првиот кат и повлекување на бочниот, закосен волумен од линијата на уличниот фронт.
Период 1930-1939
Град / Општина Струмица
Адреса ул. „Невена Стојкова“ бр. 1
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностСу+П+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Целиот објект е со станбена содржина.СтруктураОбјектот е изведен во масивна градба, со ѕидови од полна тула.ПокривОбјектот има три волумени, главниот волумен има двоводен покрив со завршна обработка ќерамиди, бочниот волумен е со рамен покрив и комуникациското јадро, кое по висина се издвојува од другите два волумени е решено со рамен покрив.ФасадаПрочистена фасада со завршна обработка малтер во окер боја.СтоларијаОбјектот има дрвена надворешна столарија, дрвени капаци на прозорците во приземје. Метални рамки на прозорците кај комуникациското јадро. Кружен прозорец на прв кат. Дрвена влезна врата со стаклени отвори.ПартерОбјектот е на кос терен, нивото на улицата е повисоко од нивотот на дворот. Дворот е ограден со ѕид од полна тула. Во дворот се пристапува преку капија.КонтекстСтанбениот објект е граден во стариот дел на градот Струмица, но стилски ги носи белезите на раномодерни архитектонски тенденции. Се наоѓа во близина на градскиот плоштад и местото познато како „Бурчо“ (куќата на Борис Вета - Бурчо, еден од најпознатите фотографи во струмичкиот регион).
- ПокривОбјектот има три волумени, главниот волумен има двоводен покрив со завршна обработка ќерамиди, бочниот волумен е со рамен покрив и комуникациското јадро, кое по висина се издвојува од другите два волумени е решен со рамен покрив.ФасадаУличната (југоисточна) фасада е неодамна реновирана, обработка малтер, со завршна бела боја. На бочната фасада во дел од приземјето има дрвена обработка. Остатокот од куќата е во автентична состојба.СтоларијаДрвена столарија, дрвени капаци на прозорците во приземје. Метални рамки на прозорците кај комуникациското јадро. Кружен прозорец на прв кат. Дрвена влезна врата со стаклени отвори. Прозорците на првиот кат префарбани во оригиналната бела боја.ПартерОбјектот е на кос терен, нивото на улицата е повисоко од нивотот на дворот. Се забележуваат остатоци од старата ограда - ѕид од полна тула, но најголем дел од оградата кон улицата е од ковано железо.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениРеновирање на улична/југоисточна фасада и додавање дрвена облога во дел од приземјето на бочната фасада.
- Најголеми закани и ризици за градбата се променливите заштитни и градежни политики, како и прилагодувањето на законските регулативи кои не одат во прилог на нејзиното зачувување, што резултира со секојдневно обезличување или губење на вредни објекти кои сведочат за урбаниот развој на Струмица и обезбедуваат негов историски континуитет.
- историскa архитектонска и естетска Објектот припаѓа на меѓувоениот период и е еден од првите примери на ран модернизам.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Старите фотографии се од архивот на Струмица.