Станбен објект на Катарина Папатеодоси
Објекти/Зградата на Катарина Папатеодоси, проектирана во 1939 год. од архитектот Ѓорѓе Ристиќ како станбен објект за колективно домување, претставува еден од најубавите примери на објект изграден во стилот на раната модерна архитектура во Скопје. Нејзината основа е речиси целосно симетрична, а становите се функционално решени со целосно имплементиран современ концепт на домување. Со употреба на прочистени детали во фасадното обликување (повисок и испакнат централен дел кај катовите со поинаква обработка, издолжени и заоблени балкони на првиот кат и воедначен дизајн на деталите од ковано железо), креиран е симетричен и складен репрезентативен објект кој со својата геометриска форма се издвојува од соседните објекти во неговата непосредна околина.
Архитект Ѓорѓе Ристиќ
Година на проектирање 1939
Инвеститор / Сопственик Катарина Папатеодоси
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Ленинова" бр.17
Катност По+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е проектиран 1939 год. Објектот е изграден во 1940 год.КатностПо+П+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Приземје и катови: домување. На секое ниво има по два стана чии основи се функционално решени. Во скалишниот простор има двокраки скали и истиот е природно осветлен преку застаклени врати со натсветла изведени на источните ѕидови на подестите. Овие врати водат кон тераси ориентирани кон источната страна на зградата од каде секој стан има свој економски влез. Подрум: стан за домаќинот на зградата, Просторија за централно греење, просторија за перење и сушење на алишта и подрумски простори. Во зградата имало електрично осветлување, канализација и водовод.СтруктураМасивен конструктивен систем. Темелните стопи и сутеренските ѕидови се изведени од набиен бетон, а сите ѕидови се од тула со варов малтер. Меѓукатните конструкции и скалите се од армиран бетон.ПокривДрвена кровна конструкција. Повеќеводен покрив покриен со ќерамиди од филц.ФасадаСите надворешни ѕидови се малтерисани со продолжен малтер и прскани во два тона.СтоларијаЦелата столарија е изработена од чамова граѓа, освен влезните врати и прозорските крила кои се од борова граѓа. Главната влезна врата, капијата на колскиот влез, сите огради во скалишниот простор и на терасите се изведени од ковано железо. Сите лимарски работи се од поцинкуван лим.ПартерСо својата главна фасада зградата излегува на јавен простор, а од задната страна има двор заграден со ѕидови од тула и малтер со простор за паркирање и помошни објекти. Подната обработка е од бетон.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациско јадро: скали - армирано-бетонски обложени со терацо, ограда - од ковано железо. Цоклето - обоено со масна боја во тон, а ѕидовите обоени со посна боја.Ентериер / Приватни содржиниСите внатрешни ѕидови се малтерисани со варов малтер и окречени со посна боја во тон. Цоклето во кујните, бањите и тоалетите - обоено со масна боја. Патосот во собите е изработен од чамови даски поставени на перо и жлеб, а во сите останати простории од терацо.КонтекстОбјектот се наоѓа во еден од периметралните блокови кои ги формираат улиците „Ленинова“, „Орце Николов“ и бул. „Илинден“, во најнепосредна близина на повеќе репрезентативни градби изградени од познати и докажани архитекти (Дутов, Ташковиќ, Кубеш) кои се дел од сегашното културното наследство на Скопје. Со својот прочистен архитектонски израз, зградата е вклопена во урбаната матрица на Дебар Маало и претставува вредно сведоштво за урбаниот развоj на Скопје во периодот помеѓу двете светски војни.
- ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди.ФасадаМалтер и боја во два тона.СтоларијаГолем дел од вратите и прозорците се дрвени, непроменети. Извесен помал број прозорци се променети со ПВЦ профили. Главната влезна врата, капијата на колскиот влез, сите огради во скалишниот простор и на терасите се непроменети - од ковано железо. Лимарските работи се од поцинкуван лим.ПартерСо својата главна фасада зградата излегува на јавен простор, а од задната страна има двор заграден со ѕидови од тула и малтер со простор за паркирање и помошни објекти. Подната обработка е од бетон.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациско јадро: скали - армиранобетонски обложени со терацо, ограда - од ковано железо, обоена со бела масна боја. Цоклето - обоено со масна боја во тон, а ѕидовите обоени со посна боја.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностадобраПромениНаправени се повеќе промени за кои не е обезбедена информација кога се случиле: -Промена на покривните ќерамиди. -Промени во поткровјето заради добивање дополнителни станбени површини. -Извесен број на оригинални дрвени прозорци се заменети со ПВЦ. -На југоисточната страна на вториот кат е доѕидана соба. -Поставени импровизирани прегради на задните тераси помеѓу становите. -Целосно затворање со застаклување на една од задните тераси. -На главната фасада на приземје кај јужниот стан се отстранети заштитните декоративни решетки од ковано железо.
- Има Значајно културно наследство со режим на заштита од втор степен. Контактната зона на објектот со режим на заштита од трет степен.
- архитектонска и естетска историскa авторство емотивна
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Константиновски, Г. (2001). Градителите во Македонија, XVIII - XX век. Скопје. Табернакул. Томовски, К. & Петковски, Б. (2003). Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни. Скопје. Музеј на град Скопје Коцевски, Д. (2022). Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот. Скопје. Бегемот Управа за заштита на културното наследство, Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи, ноември 2024 год. Преземено во јануари 2025, од: http://uzkn.gov.mk/mk/wp-content/uploads/2024/11/REGISTRIRANO-NEDVIZNO-KULTURNO-NASLEDSTVO-2024-za-web-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB.pdf Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.341.72/626-682.