Палата Армагањан
Објекти/Парцелата е дел од поголем имот на ерменското семејство Армагањан, а веднаш до неа се наоѓа друга палата изградена од Дутов во 1931 година, за истите сопственици.
Објектот е изведен исто како што е наведено во архивската документација, со елементи и орнаменти на фасадата во геометриски форми. Посебен акцент добива скалишниот простор, кој на фасадата е означен со издолжен отвор и со десетици мали квадратни прозорци. Линискиот орнамент кон врвот е венец со стрелки во облик на рибина коска. Покривот на објектот е исфрлен и е точка на заземјување на објектот. Тој е додаден во проектната документација, која го покажува објектот со рамен покрив исто како и промена на модерните тераси.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1933
Инвеститор / Сопственик Богос Армагањан
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Никола Кљусев“ бр.9
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е проектиран во 1933 год.КатностПо+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катовите има станбени содржини. Секој кат има по еден стан чија основа е функционално решение и има современ концепт за домување. Во скалишниот простор има двокраки скали и истиот е природно осветлен преку фасадните прозори. Преземјето има уште еден спореден влез од страничата фасада.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем со армирано-бетонски меѓукатни конструкции. Sидовите во подрумот и темелите на објектот се од набиен бетон, а ѕидовите на приземјето и катовите од печена тула во варов малтер. Кровната конструкција е дрвена.ПокривПовеќеводен кров покриен со ќерамиди, а кровната констукција е од обработен чамова граѓа.ФасадаФасадата e малтерисана со елементи и орнаменти на фасадата во геометриски форми. Посебен акцент добива скалишниот простор, кој на фасадата е означен со издолжен отвор и со десетици мали квадратни прозорци. Линискиот орнамент кон врвот е венец со стрелки во облик на рибина коска. Хоризонтални детали и цокле завршени во вештачки камен (штокован).СтоларијаНадворешната столарија е со боени дрвени прозорци и врати. Прозорците се изработени од дрво со вертикална поделба во две и три полиња на прозорските отвори.ПартерЗградата со својата главна фасада излегува на јавен простор (тротоар).КонтекстФасада кон улицата го следи уличниот фронт.
- ПокривПовеќеводен кров покриен со ќерамиди, а кровната констукција е од обработен чамова граѓа.ФасадаФасадата e малтерисана со елементи и орнаменти на фасадата во геометриски форми. Посебен акцент добива скалишниот простор, кој на фасадата е означен со издолжен отвор и со десетици мали квадратни прозорци. Линискиот орнамент кон врвот е венец со стрелки во облик на рибина коска. Хоризонтални детали и цокле завршени во вештачки камен (штокован). Фасадата е обоена со што е изгубена оргиналната материјалност.СтоларијаНадворешната столарија е со ПВЦ оков, со вертикална поделба во две и три полиња на прозорските отвори. Влезната врата е заменета и проширена од оргиналните пропорции. Алиминиумски надворешни ПВЦ-ролетни.ПартерПоставеност на објектот со главната фасада е на самата пешачка зона.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на надворешната столарија.
- Има
- архитектонска и естетска историскa
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Ефремовски М., Чаусидис Н. (2024). Артемушкин и Скопје - Архитектонското творештво меѓу двете светски војни. Скопје 2024. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.305.55/590-640.