Надградба на куќа на семејството Живковиќ
Објекти/Денешниот изглед на куќата е дело на Исаило Николиќ кој со прецизни промени го трансформира постоечкиот објект во академски стил во објект кој стилски ги носи белезите на актуелните раномодерни архитектонски тенденции на тоа време. Поставува прочистена фасада, без орнаментика со акцентирање на кружните елементи како единствена декорација. Николиќ ги поместува оргиналите прозорски отвори да го потенцира аголот на објектот. Скалите кои водат кон приземјето се нагласени со лак кој е задржан од постеочкиот објект. Денеска заедно со неколку објекти се вгнезедни помеѓу Градскиот ѕид на Скопје.
Архитект Исаило Јов. Николиќ
Година на проектирање 1936
Инвеститор / Сопственик Живковиќ Радивоје, Живковиќ Надежда
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Лермонтова“ бр.19
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1928 год. е проектиран првичниот објект. Во 1936 год. е проектирана доградбата.КатностПо+П+1Програмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катот има станбени содржини. Влезот во објектот е од самиот двор од страничната фасада низ скали кои се нагласени со лак. Приземјето е поставено високо што дава светлосен отвор на подрумскиот простор.СтруктураМасивен систем на градба со дрвена меѓукатната конструкција, ѕидовите во подрумот се од набиен бетон, ѕидаријата на приземјето и катовите се од цигла и варов малтер. Доградбата е со мешан ситем на бетон и дрвена конструкција.ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди, конструкцијата е од обработена чамова граѓа.ФасадаФасада е малтерисана со продолжен малтер, скалите се нагласени со лачна греда.СтоларијаНадворешната столарија е со боени дрвени прозорци и врати. Прозорците се изработени од дрво со вертикална поделба во две и три полиња на прозорските отвори. Приземните прозори имаат и фиксно натсветло.ПартерВо објектот се влегува преку двор и скали (високо приземје). Дворот е ограден со метална ограда поставена меѓу ѕидани столпчиња. Оградата е геометриски обработа во модерен стил.КонтекстПоставеноста на објект во постземјотресно модерно урбано јадро на градот (голем ринг).
- ПокривПовеќеводен покрив покриен со ќерамиди.ФасадаФасада е малтерисана со продолжен малтер, скалите се нагласени со лачна греда.СтоларијаНадворешната столарија е со ПВЦ оков, со вертикална поделба во две и три полиња на прозорските отвори. Приземните прозори имаат и фиксно натсветло.ПартерВо објектот се влегува преку двор и скали (високо приземје). Дворот е ограден со метална ограда поставена меѓу ѕидани столпчиња. Оградата е геометриски обработа во модерен стил.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешносталошаПромениНад објектот од 1936 година е дограден уште еден кат со што е променет изгледот на фасадата и покривот. Со промената на намената од станбена во комерцијална содржина дополнителни измени се поставени на фасадата како промена на прозорските отвори додавање на стреи и адаптирање според намената на комерцијалниот обејктот со кинески традиционални елементи.
- архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност,интегритет, да се врати фасадата во оригиналност.
- Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје арх. бр. 6.1.319.59/601-624.