Станбена зграда на Павле Васиќ

Објекти/
Објектот е со геометриска јасност, минимална декорација - отсуство на сложена орнаментика хоризонтални и вертикални линии, симетрични распореди на прозорци. Употреба на армиран бетон, заоблени балкони со едноставни огради, рационална организација на просториите. Фасадата ги рефлектира модерните влијанија во Скопје и функцијата на зградата што е изразена во асиметријата. Фасадата е завршена во мермерни плочи „сивец“ што е реткост во приватните објекти од овој период.
Архитект Ѓорѓе Ристиќ
Година на проектирање 1940
Инвеститор / Сопственик Павле Васиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „11 Октомври“ бр. 3 - Плоштад „Македонија“
Катност По+П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена