Станбена зграда Салковиќ - Стојковиќ

Објекти/
Објект е проектиран како двокуќа како две независни целини со посебни влезови и комуникациски јадра, кои се поставени на задната фасада, калкани помеѓу нив со заедничка фасада. Фасадата е целосно вклопена со соседниот објект кој исто така го проектирал Иван Артемушкин. Фасадата целосно е ослободена од орнаменти, со нагласени хоризонтални длабоки фуги, таа добива еден прочистен модернистички израз. Терасите се плитки со заоблени ќошиња и специвична челична ограда која е изработена во линиска композиција.
Година на проектирање 1933
Инвеститор / Сопственик Двајца сопственици, Салковиќ Томо и Стојковиќ Петар
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Луј Пастер“ бр. 19 (крак од ул. „Македонија“)
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена