Лачна бетонска брана „Св. Андреја“ - Матка
Објекти/Во 1930 година, градоначалникот на Скопје, Јосиф Михајловиќ, формирал комисија од истакнати стручни лица, со цел да се најде евтин извор на електрична енергија за Скопје. Комисијата предложила да се изгради брана на реката Треска, на излезот од клисурата, во близина на селото Матка.
Градежните работи на браната започнале во 1935 година, а хидроцентралата започнала со работа во 1938 година, изградбата била обемна и инженерски предизвик на своето време. Со изградбата на хидроцентралата раководел Аќим Поповиќ. Автор на проектот и надзор на работите е академик, проф. д-р. Миладин Пеќинар инженер, (еден од пионерите во развојот на модерната хидротехника и хидроенергетика во поранешна Југославија), кој е најзаслужен за нејзината изградба. Една анегдота, кога браната била готова Пеќинар застанал на нејзиниот врв и извикал: „Ако отиде браната нека отиде со неа и тој што ја замислил“.
Архитект Миладин Пеќинар
Година на градење 1935-1938
Инвеститор / Сопственик Град Скопје
Град / Општина Скопје
/ Сарај
Адреса Кањон Матка (езеро)
Катност Висина: 29,5 м; Должина: 64 м.
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Нема
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Пуштена во употреба 1938 год., со инсталиран капацитет од 4,8 MW.КатностВисина: 29,5 м; Должина: 64 м.Програмски опис (опис на план по катови)Лачна брана од армирано бетонска конструкција, која ја сочинуваат 10 хоризонтални прстени независни еден од друг. Преку доводниот тунел водата се транспортира до водната комора и понатаму со два цевковода се транспортира до машинската зграда. Вишокот вода се прелева странично преку браната.СтруктураЛачна армирано бетонска конструкција (од 10 независни прстени).КонтекстБрана е поставена на излезот од кањонот на реката Треска , во непосредна близина на селото Долна Матка. Околниот пејзаж е збогатен со средновековни манастири („Св. Андреја“, „Св. Никола Шишевски“), пештери (Врело, Крштална) и ендемска флора и фауна. Патот до браната, изграден во 1938 година, што го олеснил пристапот до манастирот „Св. Андреја“.
- Состојба на надворешностадобраПромениПуштена во употреба 1938 год., со инсталиран капацитет од 4,8 MW, во 2008 год. Реконструкција на доводниот тунел и е изградена комплетно нова хидроцентрала со инсталиран капацитет од 9,6 MW. Со изградбата на новата машинска зграда, лоцирана во непосредна близина, старата машинска зграда престанала со функција и во 2016 год. е пренаменета во едукативно-изложбен центар.
- Нема Споменик на природата
- општествена / социјална историскa техничка авторство Лачната бетонска брана „Св. Андреја“ (Матка) - прва изградена во Македонија е симбол на техничкиот напредок и природната убавина на Македонија. Нејзината архитектонска иновација, комбинирана со еколошката и културната вредност на кањонот Матка.