Станбена зграда на Бранислав Протиќ

Објекти/
Станбената зграда на архитектот Бранислав Протиќ е изградена во стил на модерен рационализам, каде се истакнуваат чистите форми и отсуството на украсни елементи. Нејзиниот дизајн е асиметричен и динамичен, со фасада која се состои од четири изразени вертикални ризалити. Овие ризалити се разликуваат по ширина, што не само што ја збогатува визуелната разновидност туку и ја открива функцијата на внатрешните простории.
Година на проектирање 1937
Инвеститор / Сопственик инж. Бранислав Протиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 21а
Катност По+Пр+3
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена