Станбена зграда на семејството Ташковиќ
Објекти/Зградата е поставена на агол меѓу две улици, аголот од објект е добро промислен, на кој се поставени плитки заоблени тераси. Ослободување од орнаментиката, едноставна геометрија на фасадата, збогатена со линеарни (фуги) штарфури во идентични правоаголни полиња, со што се постигнува интегрален волумен на фасадата, на кој едноставен начин се нагласува нејзината аголната обработка.
Објектот најпрвин го одзеле окупациските власти во 1941 година, после Втората светска војна се национализира и станува седиште на КПЈ, Во 50-тите се менува намената односно се враќа неговата првобитна функција и станува станбена зграда, до денес со него стопанисува - АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката-Скопје.
Архитект Григорије Ташковиќ
Година на проектирање 1939
Инвеститор / Сопственик Ташковиќ Григорије
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Орце Николов“ бр. 90 / ул. „Ленинова“ бр.19
Катност По+П+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е проектиран во 1939 год.КатностПо+П+3+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземјето се предвидени комерцијални содржини е се сместени пет дуќани. На катовите има по два стана чии основа е функционално решение и има современ концепт за домување на дел од поткровјето-мансарда имаме (перална и сушара), останатиот дел имаме рамна тераса. Во скалишниот простор има двокраки скали и истиот е природно осветлен.СтруктураОбјектот е изграден во мешан констукривен систем со армирано-бетонски меѓукатни конструкции. Темелите и ѕидовите во подрумот се од набиен бетон. Скалите се изведени од вештачки камен, сите балкони и тераси се изведени од армиран бетон. Ѕидовите на приземјето, катовите и таванот се од добро печена цигла на варов малтер, внатрешните ѕидови, плафони и сите надворешни ѕидови од страна на дворот се малтерисани со варов малтер. Патосите во собите за домување се со паркет, а во економските делови од даски на перо и жлеб, терацо и бетон. Во зградата има електрична, водоводна и канализциска инсталација.ПокривНад дел од зградата била направена кровната конструкција од тесана чамова граѓа покриена со ќерамида од филц, а над останатиот дел била изведена рамна тераса. Лимарските работи биле изведени со поцинкуван лим.ФасадаФасадите од страна на улиците се малтерисани со продолжен малтер и прскање, а пак внатрешните фасади се со варов малтер. Оградата на скалите и терасите е од ковано железо, а сите лимарски работи се од поцинкован лим.СтоларијаНадворешната столарија како излозите, врати и прозорци се изработени од дрво.ПартерЗградата е поставена на агол помеѓу две улици со својата главна фасада го следи уличниот фронт.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациско јадро - скали изведени во терацо со ограда од ковано железо. Влезни врати во становите: дрвени, бело обоени.Ентериер / Приватни содржиниВо повеќето имаат реновирано, променето на распоред и намена на просториите.КонтекстЗградата е поставена на агол помеѓу две улици со својата главна фасада го следи уличниот фронт во Дебар Маало.
- ПокривКос поркив покриен со ќерамиди, а над помал дел од зградата - рамна тераса.ФасадаГлавните фасади се малтерисани со продолжен малтер со прскање.СтоларијаНа некои прозорци се појавуваат ПВЦ ролетни, клима уреди и брендирање на приземјето. Влезната врата во зградата е оригиналната - дрвена, а столаријата кај вратите и излозите на дуќаните е променета со ПВЦ/алуминиумска.ПартерЗградата е поставена на агол помеѓу две улици со својата главна фасада го следи уличниот фронт во Дебар маало. Задниот двор се користи како паркинг и на дел има поставено гаражи.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациско јадро - скали изведени во терацо со ограда од ковано железо е задржано. Влезни врати во становите: дрвени, бело обоени на некој места се заменети и доѕидани.Ентериер / Приватни содржиниНекои од становите се видоизменети, повеќето имаат реновирано, променето на распоред и намена на просториите и отворање на нови влезни врати.Состојба на надворешностазадоволителнаСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностадобраПромениПромени во распоредот на станбените единици.
- Има Уп. бр. 18-435 од 17.09.2015 год. измена на решение Уп. бр.18-205 од 12.05.2016 год.
- историскa архитектонска и естетска општествена / социјална
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Томовски, К. & Петковски, Б. (2003). Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни. Скопје. Музеј на град Скопје. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.356.47/543-593.