Станбена зграда на д-р Бојаџијан Хофсед
Објекти/За потребите на д-р Бојаџијан Хофсед, архитектот Иван Артемушкин во 1930 год. ја проектирал неговата семејна куќа во скопската населба Дебар Маало. Таа е изградена како самостоен објект
кој е полукружно завиен околу аголот на двете улици „Орце Николов“ и „Мирослав Крлежа“.
Фасадите на двете улични крила кои се различни по својата должина, се поделени на сегменти со што визуелно прават симетрија во чија оска е поставена вертикалата на влезната партија во која е сместен скалишниот простор, а која завршува со правоаголен тимпанон.
Архитектонското обликување на куќата е во духот на еклектицизмот со примеси на српско-византискиот стил, што е најизразено во фасадната обработка која изобилува со богата класична декоративна пластика во вид на медалјони, релјефи, ниши, мноштво на прозорски отвори и истурени балкони со украсни огради.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1930
Инвеститор / Сопственик Д-р Бојаџијан Хофсед
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Орце Николов“ бр.109
Катност По+П+1+По
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Првобитниот дизајн бил изработен од архитектот Бранислав Којиќ, со сосема поинаков габарит и естетика, а финалната изведба била дизајнирана од архитектот Артемушкин. Објектот е проектиран во 1930 год.КатностПо+П+1+ПоПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземјето се биле сместени содржините за амбулантата како и стан за наем. На катот била сместен семејниот стан на фамилијата Хофсед. Подрумот бил наменет за остава, сместување на дрво и остава. Во куќата се пристапува преку два влеза. Главниот влез за станбеите простории во средината на зградата и пристапот до амбулантата преку посебно скалишно јадро на јужната страна.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Според оригиналниот технички опис, зградата била подигната од тврд материјал, темели и подрумски ѕидови се изработени од набиен бетон. Ѕидовите на приземјето и на првиот кат се од добро печена тула во варов малтер во сооднос 1:3. Ѕидовите на приземјето се дебели 45 см, додека на првиот кат 30 см. Објектот има стандардна армирано-бетонска меќукатна конструкција. Кровната конструкција е од чамово дрво.ПокривПовеќеводен покрив со ќерамиди и отворени рамни тераси. Над влезниот хол била предвидена купола чија изведба е непозната.ФасадаФасадите се репрезентативни, изработени со варов малтер и испрскани во боја, со богата класична декоративна пластика во вид на медалјони, релјефи, ниши, мноштво на прозорски отвори и истурени балкони со украсни огради.СтоларијаНадворешната столарија се состои од дрвени прозорци и врати. Балконските огради, заштитните огради на прозорците и оградата на скалите се изведени од ковано железо.Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациски јадра: скали со терацо обработка; ограда - декоративна, изработена од ковано железо со дрвен ракофат; влезни врати - дрвени во бела боја.КонтекстКуќата на д-р Бојаџијан Хофсед е изградена во тогашната периферија на Скопје, во маалото кое првобитно го викале Идадија (турцизам со значење - гимназија) заради непосредната бизина на Учителската школа, а директно од нејзината спротивна страна е култната скопска кафеана „Идадија“, која била изградена две години претходно, во 1928 година. Со својот особен и препознатлив архитектонски израз, таа е вклопена во непосредната околина и во урбаната матрица на Дебар Маало и како значајно културно наследство од периодот помеѓу двете Светски војни претставува нераскинлив дел од урбаниот развоj на Скопjе.
- ПокривПовеќеводен покрив со ќерамиди и затворени кровни тераси со лимени покриви.ФасадаФасадите се репрезентативни, изработени со варов малтер и испрскани во боја, со богата класична декоративна пластика во вид на медалјони, релјефи, ниши, мноштво на прозорски отвори и истурени балкони со украсни огради.СтоларијаГолем дел од оригиналните дрвени прозорци се заменети со ПВЦ. Променета е оригиналната влезна врата во објектот, и наместо неа поставени се две помали врати од различни материјали.ПартерКуќата излегува директно на јавна површина која е поплочена со бекатон коцки. Партерот пред објектот е зафатен со привремен објект (надворешна тераса на ресторанот кој е во подрумот на куќата).Ентериер / Заеднички содржиниКомуникациски јадра: скали со терацо обработка; ограда - декоративна, изработена од ковано железо со дрвен ракофат; влезни врати - дрвени во бела боја.Состојба на надворешносталошаСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностадобраПромениВо 2003 год. подрумските простории на куќата се пренаменети во угостителски. Направени други интервенции и промени за кои не е обезбедена информација кога се случиле: -Затворени се кровните тераси заради доградба на станбени површини. -Променета оригиналната влезна врата во објектот, и наместо неа поставени се две помали врати од различни материјали (едната е влез во станбените единици, а другата води кон подрумските простории каде е сместена угостителска содржина. -Извесен број на оригинални дрвени прозорци се заменети со ПВЦ. -Пред приземјето самиот објект поставен е привремен објект (надворешна тераса на ресторанот кој е во подрумот на куќата). -На југозападната фасада поставен е лимен оџак за потребите на ресторанот во подрумот, кој се протега по целата висина. -На балконот на југозападната фасада поставена е лимена настрешница.
- Има Значајно културно наследство со режим на заштита од втор степен. Контактната зона на објектот со режим на заштита од трет степен.
- историскa архитектонска и естетска авторство емотивна Со својот особен и препознатлив архитектонски израз објектот е врежан во меморијата на градот и е значаен за идентитетот на Дебар Маало и на Скопје како градба која го преживеала земјотресот од 1963 год. и која е сè уште во употреба.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Чаусидис, Н. & Ефремовски, М. (2024). Артемушкин и Скопје. Скопје. Томовски К. & Петковски Б. (2003). Архитектурата и монументалната уметноство Скопје меѓу двете светски војни. Скопје. Музеј на град Скопје. Управа за заштита на културното наследство, Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи, ноември 2024 год. Преземено во јануари 2025, од: http://uzkn.gov.mk/mk/wp-content/uploads/2024/11/REGISTRIRANO-NEDVIZNO-KULTURNO-NASLEDSTVO-2024-za-web-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB.pdf Коцевски, Д. (2022). Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот. Скопје. Бегемот. Сакам да кажам. (2018, октомври 06). Од кантина со ракија и варено јајце до музеј на градската култура, „Идадија“ слави 90 години. Преземено јануари 2025, од https://sdk.mk/index.php/magazin/od-kantina-rakija-vareno-jajtse-muzej-na-gradskata-kultura-idadija-slavi-90-godini/ Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје