Куќа на ул. „Кукушка“ бр.17

Објекти/
Семејна куќа на ул. „Кукушка“ е изградена во периодот помеѓу двете светски војни и е дело на чешкиот архитект Рудолф Вошта. Стилски припаѓа на раната модерна со забележливи сецесиски стилски тенденции во вид на штукатурни вегетабилни орнаменти поставени на слободните површини на фасадите, под и околу прозорците и кај влезната врата. Архитектонскиот концепт на објектот е со чисти линии на основниот кубичен волумен чија хоризонтална поделба е нагласена со едноставни колористички третирани ленти. Овој волумен е разбиен со централно поставен полигонален ризалит во приземјето, кој на катот формира балкон. Како кровен завршеток на објектот изведен е стилизиран триаголен тимпанон позади кој е скриен покривот. Ако се апстрахираат орнаменталните штукатурни орнаменти на фасадата, објектот има изглед кој е структуриран според принципите на модерната архитектура.
Архитект Рудолф Вошта
Година на градење 1927
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Ул. „Кукушка“ бр.17
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има