Станбена зграда Атанасковиќ

Објекти/
Станбената зграда го зафаќа југозападниот агол на улиците „Ленинова“ и „Орце Николов“, дијагонално од познатата зграда на Ташковиќ, во историската резиденцијална населба Дебар маало. Времето на изградба кореспондира со почетоците на формирањето на самато маало, а градбата стилски ги носи белезите на актуелните раномодерни архитектонски тенденции на тоа време. Во естетското обликување на двете улични фасади (кои се единствените видливи) применет е еднаков третман. Со поставување на дискретни плитки пиластри кои завршуваат со стилизирани јонски капители направен е вертикален растер кој на фасадите им дава ефект на светло-темни колористички полиња. Во вовлечените потемни полиња сместени се прозорците под кои е поставена второстепената пластика со мотив на преплет. Првичниот проект за двата објекта е дело на Борис Дутов во 1932 год. но аголниот објект во формата која ја има денеска е дело на Кирило Хаџи Наковиќ кој го преработува проектот во 1933 год, во модерен стил.
Година на проектирање 1933
Соработници Архитект Рад. Матијашевиќ
Инвеститор / Сопственик Трпе Јовановиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Орце Николов“ бр.83 А
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има