Куќа - Вила Бишевац
Објекти/Објектот - Вила на Бишевац е изграден во 1920 година и е типичен пример на градска семејна куќа во чие обликување доминира стилот на академски еклектицизам со скромно присуство на сецесиски влијанија изразени кај оградата на двата балкони од првиот кат, која е изработена од ковано железо со флорални мотиви карактеристични за правецот.
Волуменски обjектот е разигран со изведба на разновидни типови на кровни завршетоци кои варираат од двоводни покриви преку четвороводни до поединечна кула на рамната тераса. На фасадите, особено изразено на западната, се застапени детали типични за академизмот - балустради на балконските парапети што продолжуваат во слободностоечки столбови со стилизирани дорски (приземје) и јонски капители (кат).
Година на градење 1920
Инвеститор / Сопственик Бишевац
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 88
Катност Су+П+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е изграден во 1920 год.КатностСу+П+1+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во куќата се влегува од нејзината западна страна во влез со скалишен простор кој води до поединечните станови на катовите. На секој кат има по една станбена единица.СтруктураОбјектот е изграден во масивен конструктивен систем. Меѓукатна и плафонска конструкција - армиранобетонски. Кровната конструкција е дрвена.ПокривНеколку видови на покриви: двоводен и четириводен покриени со ќерамиди; четириводен со шпицест завршеток покриен со лим (кај кулата) и поплочена рамна тераса.ФасадаФасадата била малтерисана во две бои и балустрадни столпчиња во теракотна боја што ѝ дава полихромен изглед на куќата. На западната фасада непосредно под стреата во штукатура стои името „Вила Бишевца" што наведува на заклучок дека Бишевац е нарачателот на градбата.СтоларијаНадворешната столарија e дрвена со дискретна декоративна резба кај прозорците. Влезната врата во куќата (западна фасада) дрвена со ковано железо и застаклување. Оградите на двата балкони од првиот кат (јужна и западна фасада) се изработени од ковано железо и се со флорални мотиви карактеристични за сецесијата. Влезна дворна порта изработена од ковано железо.Ентериер / Заеднички содржиниСкалишен простор изработен во терацо со декоративна ограда од ковано железо и дрвен ракофат. Врати во становите дрвени со ковано железо и застаклување.Ентериер / Приватни содржиниДрвени собни врати со двостран перваз и дискретна украсна профилација. Подовите во становите - дрвени, а на терасите со терацо плочки. *Залучено според фото-документација пронајдена на интернет страната на Пазар 3. https://www.pazar3.mk/oglas/zivealista/stanovi/prodazba/skopje/centar/se-prodava-stan-vo-blizina-na-gradski-park/5220882КонтекстВилата на Бишевац е изградена на слободна парцела со четири слободни фасади, во последната улица која се граничи со источната страна на Градскиот парк. Нејзината непосредна околина ја сочинуваат репрезентативни градби од периодот помеѓу двете светски војни, кои се дел од сегашното културното наследство на Скопје, а кои го преживеале катастрофалниот земјотрес како што се куќата на Бојаџиеви и Палатата Рубен. Со својата архитектонска посебност, куќата е вклопена во урбаната матрица на Дебар Маало и претставува вредно сведоштво за урбаниот развоj на Скопје.
- ПокривНеколку видови на покриви: двоводен, четириводен покриени со ќерамиди, четириводен со шпицест завршеток покриен со лим (кај кулата) и рамна тераса.ФасадаФасадата била малтерисана во две бои и балустрадни столпчиња во теракотна боја што и дава полихромен изглед на куќата. На западната фасада непосредно под стреата во штукатура стои името „Вила Бишевца" што наведува на заклучок дека Бишевац е нарачателот на градбата.СтоларијаНадворешната столарија е дрвена со дискретна декоративна резба кај прозорците. Влезната врата во куќата (западна фасада) дрвена со ковано железо и застаклување. Оградите на двата балкони од првиот кат (јужна и западна фасада) се изработени од ковано железо и се со флорални мотиви карактеристични за сецесијата. Влезна дворна порта изработена од ковано железо.ПартерКуќата е слободностоечка со мал двор заграден со жива ограда во кој има дрвја и зеленило.Ентериер / Заеднички содржиниСкалишен простор изработен во терацо со декоративна ограда од ковано железо и дрвен ракофат. Врати во становите дрвени со ковано железо и застаклување.Ентериер / Приватни содржиниДрвени собни врати со двостран перваз и дискретна украсна профилација. Подовите во становите - дрвени, а на терасите со терацо плочки. *Залучено според фото-документација пронајдена на интернет страната на Пазар 3. https://www.pazar3.mk/oglas/zivealista/stanovi/prodazba/skopje/centar/se-prodava-stan-vo-blizina-na-gradski-park/5220882Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностадобраПромениНУ Конзерваторски центар - Скопје под чија надлежност е објектот ги извршил следните конзерваторско - реставраторски работи: 2021 - првата фаза од проектот со санирање на кровната конструкција кој е составен дел од конзервација и реставрација на фасадите на објектот кој е еден од белезите на старите културно – архитектонски градби во централното градско подрачје. Во оваа фаза се реновирала во целост покривната конструкција на објектот. 2022 - конзерваторско-реставраторски работи на источната фасада на објектот, санација на големата балконска тераса на југоисточниот дел и замена со поставување на нови автентични прозори на источната фасада.
- Има Значајно културно наследство со режим на заштита од втор степен. Контактната зона на објектот со режим на заштита од трет степен.
- историскa емотивна архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К., 1920 -Архитектонските стилови во профаното градителство во Македонија меѓу двете светски војни 1919-1940", Институт за фолклор, Скопје, 2003 Коцевски, Д. „Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот", Бегемот, Скопје, 2022 Кадијевић, А. „Југословенска архитектура између два светска рата (1918-1941)", Универзитет у Београду- Филозофски факултет, Београд, 2023 НУ Конзерваторски центар - Скопје, Програма/Проекти. Преземено во јануари 2025, од: https://www.nukcs.mk/куќа-на-улица-наум-наумовски-борче-бро/ Управа за заштита на културното наследство, Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи, ноември 2024 год. Преземено во јануари 2025, од: http://uzkn.gov.mk/mk/wp-content/uploads/2024/11/REGISTRIRANO-NEDVIZNO-KULTURNO-NASLEDSTVO-2024-za-web-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB.pdf