Основно училиште „Стојан Новаковиќ" (сегашно ООУ „Кочо Рацин")

Објекти/
Училиштето „Кочо Рацин" е изградено од архитектот Ѓорѓе Ристиќ и е едно од ретките училишта во Скопје од периодот помеѓу двете светски војни кое опстојува и денес. Ѓорѓе Ристиќ творел во духот на модерниот рационализам, што е забележливо и кај архитектурата на овој објект. Училиштето се наоѓа во подножјето на планината Водно, централно поставено, на крстосница помеѓу две улици каде најекспонирана е неговата главна (северна) фасада на чиј симетричен волумен доминира тремот од влезната партија обликуван со голем полукружен лак над кој е поставен мал балкон со метален декоративен јарбол (чест детаљ кај градбите од тој период). Полукружниот лак е мотив кој се повторува и кај училишната масивна стилска ограда. Основата на објектот е функционално решена, а фасадите се прочистени и без никакви орнаменти.
Архитект Ѓорѓе Ристиќ
Година на проектирање 1937
Инвеститор / Сопственик Општина на град Скопје
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Салвадор Аљенде" бр.2
Катност П+М+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена