Станбена зграда на Стојан Спасиќ

Објекти/
Станбената зграда претставува убав пример на асиметрично решен објект со чисти површини, изграден во духот на модерниот рационализам за кој се залагал архитектот Бранислав Протиќ. Нејзиниот волумен е составен од правоаголен кубус со централен ризалит кон уличниот фронт, кој создадава визуелна вертикална поделба на три нееднакви сегменти. На правоаголните форми и волумени (прозорци и балкони) кои доминираат кај ризалитот и кај десниот сегмент им контрастрираат три окулуси во левата вертикала кои природно го осветлуваат скалишниот простор. Окулусите како мотив се повторуваат кај главната влезна врата во зградата и кај влезните врати во становите кај кои имаат и улога на натсветла.
Година на проектирање 1936
Инвеститор / Сопственик Стојан А. Спасиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Бул. „Св. Климент Охридски“ бр.45
Катност По+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена