Куќа на Тома Ничота

Објекти/
Куќата е изградена како станбен обjект за изнајмување во 1935 година од архитектот Фердо Краус за потребите на инвеститорот Трпе Јовановиќ. Тома Ничота ја купил куќата во 1938 година. Времето на изградба кореспондира со почетоците на формирањето на самото маало, а градбата стилски ги носи белезите на актуелните раномодерни архитектонски тенденции на тоа време. Обjектот е поставен во линиjа на уличниот фронт и до неговата западна страна во 1940 година директно е прилепена зградата на Ташковиќ. Во естетското обликување објектот ja има габаритната чистота и волуменот на модерен кубус, но истовремено на фасадите се аплицирани дискретни плитки пиластри кои завршуваат со стилизирани јонски капители и второстепената пластика со мотив на преплет, слепи балустради на завршните венци, кои се елементи поврзани со академизмот.
Архитект Фердо Краус
Година на проектирање 1934
Инвеститор / Сопственик Трпе Јовановиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Ул. „Орце Николов“ бр.88
Катност Су+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има