Куќа на Јосиф Михајловиќ
Објекти/Под скопското Кале, во непосредна близина на Старата скопска чаршија, архитектот и градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ, ја проектирал и изградил својата индивидуална семејна куќа која истовремено ја користел и како приемна резиденција. Куќата е обликувана во стилот на фолклоризмот инспириран од народна архитектура со детали транспонирани од традиционалната XIX-вековна куќа (четириводни кровови со длабоки стреи, тремови и колонади од столбови со прекршени лаци, вградени плакари) и како таква претставува редок пример на сочуван објект од овој вид изграден во периодот помеѓу двете Светски војни.
Во архитектонската реализација биле користени сите достапни современи градежни материјали и конструкции, а употребен бил и клепан камен во обработка на прочуени мијачки мајстори-ѕидари. Во неа било инсталирано првото парно греење во градот.
Архитект Јосиф Михајловиќ
Година на проектирање 1934
Инвеститор / Сопственик Михајловиќ Јосиф
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса Ул.„Славеј Планина" бр.2
Катност По+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Објектот е проектиран во 1934 год. Објектот е изграден во 1937/38 год.КатностПо+П+1Програмски опис (опис на план по катови)Во приземјето и катот има станбени содржини. Приземјето било користено како приемна резиденција на градоначалникот. Во куќата на катот се влегува надворешни скали од западната фасада, а вертикалното поврзување со катот и приземјето е преку друг сет на скали. Во приземјето главната врата е на јужната фасада.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем од набиен бетон, а ѕидовите од полна тула со варов малтер. Објектот има армирано-бетонска меѓукатна конструкција. Покривната конструкција е дрвена.ПокривЧетириводен покрив, дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаФасадата е малтерисана со цементно-варов малтер. На приземјето е присутна обработка од клепан камен до висина на прозорците и малтер во останатите фасадни површини. Столбовите на терасите изедени од фасадна тула.СтоларијаНадворешната столарија, која се состои од прозорци, балконски врати и влезна врата е изработена од дрво. На фасадните прозорци наизменично имаат вградени дрвени ролетни како и дрвени капаци.ПартерКуќата со своите две улични фронтално поставени фасади (јужна и источна) и со ѕиданата ограда на останатите две страни го затвораат внатрешниот двор. Оградата е обликувана комбинирано со камен во долниот дел и малтерисана во горниот дел во кој се изведени слепи ниши и е покриена со ќерамиди.Ентериер / Приватни содржиниЕнтериерот на куќата бил модерен, но имало елементи на традиционалното градителство како вградени плакарите во ѕидовите. Металните елементи биле изработени во познатата браварска работилница на Антон Ручигај. На еден од ѕидовите во 1938 год. Лазар Личеноски изработил импозантна фреска со димензии 220х100 см на која бил прикажан мотив од мијачкиот крај – како Ѓурчин Кокале од Лазарополе фрла камен. За жал, фреската повеќе не е дел од ентериерот на куќата.КонтекстСемејната куќа на Михајловиќ е сместена во најстариот дел на Скопје, на периферијата на Старата скопска чаршија, под брдото Кале во резиденцијалното Балабан маало. Таа е изгадена на триаголна парцела со пристап на две улици, од каде Михајловиќ често пати пеш или со пајтон шетал и ги регистрирал проблемите низ градот. Во непосредна близина на неговата куќа се некои од најважните градби од исламскиот период како Куршумли ан, Ѓурчилер (Шенѓул) амам и џамиите Мустафа-паша и Хаџи Балабан.
- ПокривЧетириводен покрив, дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди. Доградба на баџи на источната страна.ФасадаФасадата е малтерисана со цементно-варов малтер. На приземјето е присутна обработка од клепан камен до висина на прозорците и малтер во останатите фасадни површини. Столбовите на терасите изедени од фасадна тула.СтоларијаНадворешната столарија, која се состои од прозорци, балконски врати и влезна врата е изработена од дрво. На фасадните прозорци наизменично имаат вградени дрвени ролетни како и дрвени капаци.ПартерКуќата со своите две улични фронтално поставени фасади (јужна и источна) и со ѕиданата ограда на останатите две страни го затвораат внатрешниот двор. Оградата е обликувана комбинирано со камен во долниот дел и малтерисана во горниот дел во кој се изведени слепи ниши и е покриена со ќерамиди.Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностадобраПромениНадворешно, куќата е во речиси идентична состојба со оригиналната. По смртта на Јосиф Михајловиќ во 1941 год. до денешни денови, куќата се користела со различната намена од оригиналната (била резиденција на повоените политичари - градоначалници на Скопје, долги години во неа бил сместен познатиот ресторан „Македонска куќа", а денес е Амбасада на Република Албанија), што неминовно резултирало со промени и адаптации во нејзиниот ентериер. Исто така, постојат сознанија дека за време на Втората светска војна најголемиот дел од заоставштината на Михајловиќ била уништена од страна на Бугарите, а по војната кога куќата била користена како резиденција на повоените политичари, вредните предмети, оригиналната вградена опрема во богатиот ентериер и мебелот биле предмет на кражби, а не била поштедена ниту фреската од Лазар Личеноски. „Фреската, заедно со зградата ставена под заштита на законот како споменик на културата, беше тука, пред да биде срамно и незаконски отуѓена (1998) со купопродажни „трансакции“ и дојдена потоа во сопственост на македонскиот бизнисмен Ристо Гуштеров.“ (Томовски, К. & Петковски, Б. (2003). Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни. Скопје. Музеј на град Скопје. стр. 109. фуснота 63.)
- Има Споменик на културата со режим на заштита од втор степен.
- историскa архитектонска и естетска авторство техничка општествена / социјална Покрај сите неоспорни вредности кои ги поседува куќата, особена вредност претставува што таа била испроектирана и изградена како семеен објект и резиденција на веројатно најзначајниот градоначалник во скопската историја - Јосиф Михајловиќ. Тој на оваа функција бил во два мандата, од 1929 до 1936 год., а потоа со еден прекин, имал и втор мандат до 1941 година кога починал, за време на кои биле изградени некои од најзначајните инфраструктурни објекти во Скопје, како градската болница, Железничката станица, Народната банка, Поштата, зградата на денешното Собрание, водоводот Рашче, хидроцентралата Матка, а бил направен и геодетски премер со први авионски снимања, урбанистички план на градот, а спроведен е и попис на населението. Неговата исклучителна работа и посветеност направила од Скопје модерен и урбанизиран град.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Томовски, К. & Петковски, Б. (2003). Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни. Скопје. Музеј на град Скопје. Константиновски, Г. (2001). Градителите во Македонија, XVIII - XX век. Скопје. Табернакул. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Коцевски, Д. (2022). Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот. Скопје. Бегемот. Управа за заштита на културното наследство. (2024). Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи, ноември 2024 год. Преземено во јануари 2025, од http:// http://uzkn.gov.mk/mk/wp-content/uploads/2024/11/REGISTRIRANO-NEDVIZNO-KULTURNO-NASLEDSTVO-2024-za-web-финал.pdf Нова Македонија. (2019, ноември 16). Македонска куќа - палата на градоначалникот. Преземено ноември 2024, од https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopski-legendi/македонска-куќа-палата-на-градона/ МАРХ. (2014 декември 23). Јосиф Михајловиќ – Јурукоски /1887 – 1941 /. Преземено ноември 2024, од https://marh.mk/јосиф-михајловиќ-јурукоски-тресонче/ Порта3. (2014 март 15). Јосиф Михајловиќ – творецот на модерно Скопје. Преземено ноември 2024, од https://www.porta3.mk/josif-mihajlovikj-tvorecot-na-moderno-skopje/ Жунал.ме. (2023 април 20). Josif Mihailović – Tvorac modernog Skoplja u zapećku. Преземено ноември 2024, од https://zurnal.me/josif-mihailovic-tvorac-modernog-skoplja-u-zapecku/?script=lat Спона. (2022 декември 14). Великани: Јосиф Михаиловић - Творац модерног Скопља у запећку. Преземено ноември 2024, од https://srbi.org.mk/a/v/velikani-josif-mihailovic-tvorac-modernog-skoplja-u-zapecku