Куќа на Бранислава Милојковиќ

Објекти/
Објектот е проектиран во 1937 година како индивидуална семејна куќа на Бранислава Милојковиќ и е дело на архитектот Драгутин Илиќ. Куќата на има геометриска композиција базирана на комбинирање на два испреплетени кубични волумени со различна височина кои се оживеани со употреба на две бои, венци и ниши во кои се сместени дел од прозорците. На југоисточниот агол кон задниот двор, кубичниот волумен преоѓа во заоблен на ниво на сутеренот и приземјето. Чистотата на линиите и хармоничноста во обработката на главната фасада се во духот на модерната. Полукругот како мотив освен кај нишите со прозорци на фасадата е транспониран и кај оградата на куќата. Куќата има два влеза, главен на уличната фасада кој води во високото приземје и спореден на западната фасада од каде се влегува во сутеренот.
Година на проектирање 1937
Инвеститор / Сопственик Бранислава Милојковиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот" бр.3
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена