Kуќа на Зденка Буста

Објекти/
Објектот е изграден во 1936 година како индивидуална семејна куќа на Зденка Буста и е дело на познатиот архитект Јан Дубови. Куќата претставува вреден пример на модерната архитектура со елементи на експресионизам изразен преку мотивот на аголно заоблување кое е дополнително нагласено со едноставен полукружен орнамент изработен од ковано железо. Главниот влез во објектот е од улицата „Орце Николов“, каде е повлечен во парцелата. Објектот се развива во сутерен, приземје, и кат. Меѓу ретките примери во Скопје каде целиот објект е изведен под рамен покрив. Во фасадното обликување изведена е прочистена геометриска декорација, а разигрувањето на фасадата и хоризонталното акцентирање на волуменот се постигнати со употребата на боја за нагласување на волумените како на пример кај влезната партија, во делот кај прозорците на приземјето, како и кај заоблениот покрив на рамната тераса, а посветлата кај останатите површини.
Архитект Јан Дубови
Година на проектирање 1935
Соработници Инженер Михаил Матвејев
Инвеститор / Сопственик Зденка Буста
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Ул. „Орце Николов“ бр.115
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има