Станбена зграда на Јелена Тодоровиќ

Објекти/
Станбената зграда е изградена е во духот на модерниот рационализам и има симетрична основа во форма на буквата "П". Зградата ја зафаќа целата ширина на блокот и има три улични фасади. Главната (јужна) фасада е обликувана во три вертикални сегменти, каде централниот е малку испакнат во однос на бочните, има поинаква завршна обработка и во нејзината вертикална оска е поставена влезната врата. На аглите на главната фасада со источната и со северната се истакнуваат издолжените балкони кои се експресионистички обликувани со заоблени испусти и со метални огради. Виското приземје е потенцирано со венец, кој на бочните фасади се продолжува по нивната должина под прозорците. Со употребата на овие елементи добиена е нагласена хоризонталност на зградата. Интересен елемент карактеристичен за стилот во кој таа е изградена се окулусите во горните партии и нагласувањето на стреата каде има поставени декоративни греди.
Година на градење 1940
Инвеститор / Сопственик Јелена Тодоровиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Ул.„Ристо Шишков“ бр.24
Катност По+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена