Станбена зграда на улица „Дебарца“ бр. 58
Објекти/Станбениот објект е дел од периметрален блок, поставен слободностоечки, со заден двор кон кој се пристапува од улица преку патеки од двете страни на објектот. Фасадата ориентирана кон улицата се отклонува од уличниот фронт, формирајќи и преден двор. Објектот се протега во сутерен, приземје, кат и поткровје, главниот влез во објектот е од уличната фасада, додека од задниот двор дополнително се пристапува со надворешни скали кон сутеренот и надворешни скали кон терасата на високото приземје.
Геометричноста и ортогалноста на објектот се разбиени со третманот на профилацијата на разделните венци, заоблен аголен балкон – несиметрично поставен, како и волуменот на скалишното јадро – вертикална полукружна доминанта.
Архитект Кирил Жерновски
Година на проектирање 1937
Инвеститор / Сопственик Потиќ Бранко и Вера
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Дебарца“ бр.58
Катност Су+П+К+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проектот е изработен во 1937 година.КатностСу+П+К+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во сутерен има подрумски простории, а на приземјето и катовите станбени содржини. Во поткровјето се наоѓаат остави и тераса.СтруктураОбјектот е изведен во масивен носив систем, со темели од бетон и ѕидови во подрум од кршен камен и малтер. Ѕидовите на приземје, кат и поткровје се изведени од тула и малтер. Меѓукатната конструкција е армирано бетонска.ПокривОбјектот има двоводен покрив со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди. Еден дел од катот е покриен со повеќеводен покрив, дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаФасадна завршница во малтер, декоративни фуги, на ниво на сутерен има обрабтока во терацо. Плитка, декоративна пластика околу прозорците.СтоларијаДрвена надворешна столарија од борово дрво, метални ролетни (капаци) на прозорци. Внатрешна столарија изработена од чамово дрво.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски двокраки скали со завршна обработка во терацо, декоративна метална ограда со дрвен гелендер.КонтекстСтанбениот објект е поставен слободностоечки во периметрален блок, со преден и заден двор во кој се пристапува од улица. Објектот не ја следи висината на венецот на соседните објекти и не се надоврзува на нивни одредени стилски елементи.
- ПокривДвоводен покрив, покривање со лим.ФасадаФасадна завршница во малтер, декоративни фуги, на ниво на сутерен има обрабтока во терацо. Плитка, декоративна пластика околу прозорците.СтоларијаПрозорците се делумно задржани дрвени со оригинални ролетни (капаци), а останатите се заменети со ПВЦ столарија.ПартерПреден и заден двор ограден со парапет и столпчиња од тула и метална ограда и врата.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски двокраки скали со завршна обработка во терацо, декоративна метална ограда со дрвен гелендер.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениДоградба на објект, кој се надоврзува на оригиналниот, во задна зоната, на североисток (објектот е зајакнат со скелетен систем). Доградба на поткровје. Промена на надворешна и внатрешна столарија. Доградба на натстрешници при заден влез во сутерен и тераси.
- Се забележуваат одрони од малтер во неколку делови од фасадата.
- историскa архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.346.26/294-307.