Куќа на Драшко Ивановиќ
Објекти/Индивидуалната куќа на Драшко Ивановиќ е проектирана во 1933 година од архитектот Бранислав Протиќ.
Објектот е изграден слободностоечки, како дел од периметрален блок, со голема површина на заден двор, пристапен од улица покрај објекот. Се развива во сутерен, приземје и поткровје. Влез во сутеренот е предвиден од задната страна преку дворот, додека кон приземјето се пристапува со скали од две страни – улична и дворна фасада, при што над сите влезови се предвидени тенки плочи - натстрешници.
Објектот ги следи карактеристиките на модернизмот: рамните надозидоци во кои е сокриен кровот, парцијалните надвишувања во поткровните партии, содветен третман на прозорските отвори, врамени во едноставни геометриски рамки, како и нагласување на единствениот волумен што се издигнува во поткровје преку негово заоблување. Дополнително, карактеристичен детаљ претставува тенката покривна плоча на поткровјето со конзолен испуст периметрално.
Архитект Бранислав Протиќ
Година на проектирање 1933
Инвеститор / Сопственик Драшко Ивановиќ
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Живко Чинго“ бр. 2a
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проектот е изработен во 1933 година.КатностСу+П+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Објектот е со станбена содржина.СтруктураОбјектот е изведен во масивен носив систем, со бетонски меѓукатни и рамен покрив.ПокривРамен покрив, непроодна кровна тераса, а на ниво на поткровје има проодна кровна тераса.ФасадаОбјектот е со надворешна обработка во малтер. Плитка, декоративна пластика околу прозорците.СтоларијаЦелокупната столарија на објектот е изработена од дрво. Прозорците се со хоризонтални пречници.ПартерВо архивската документација не е е прикажано оградување на двор.КонтекстОбјектот е дел од периметрален блок, поставен слободностоечки со заден двор. Куќата не го следи венецот на околните објекти и не се надоврзува на нивни елементи.
- ПокривРамен покрив, непроодна кровна тераса, а на ниво на поткровје има проодна кровна тераса.ФасадаОбјектот е со надворешна обработка во малтер. Плитка, декоративна пластика околу прозорците.СтоларијаДрвена влезна врата, алуминиумска влезна врата, делумно автентични дрвени прозорци, останати прозорци се алуминиумски.ПартерЗаден двор, пристапен од улица, ограден со бетонски ѕид и метална врата.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешносталошаПромениПренамена на гаража во комерцијален простор и доградена натстрешница. Реновирање во сутерен, промена на боја на фасада и внатрешни простории. Промена на голем дел од надворшната столарија. Доградба, промена на врата за влез во парцела и двор.
- Настрешницата и несоодветниот избор на бои во комерцијалниот дел ја нарушуваат автентичноста на објектот. Големи оштетувања на фасада, пад на обработката од малтер.
- историскa архитектонска и естетска техничка
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.321.18/129-140.