Куќа на Рафаел Данон

Објекти/
Индивидуалната куќа на Рафаел Данон е проектирана од архитектот Иван Артемушкин во 1935 година. Објектот e дел од периметрален блок, од едната страна граничи со објект, додека од другата страна има пристап кон заден двор. Уличната фасада ја следи линијата на фронтот, додека задната фасада е ориентирана кон дворот. Куќата се развива во сутерен, приземје и поткровје. Главниот влез во приземјето е ориентиран кон улицата, натскриен со трем што се формира од терасата на поткровјето, додека кон сутеренот се пристапува од страничната фасада. Објектот го следи типичниот модерен репертоар, создадена е геометриска скулптурална форма, тенка покривна плоча. Парцијалните надвишувања во поткровните партии за создавање ограда за тераса, соодветен третман на прозорските отвори, врамени во едноставни геометриски рамки, како и нагласување на аголот во поткровјето преку негово заоблување.
Година на проектирање 1935
Инвеститор / Сопственик Рафаел Данон
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 60
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена