Kуќа на улица „Мирослав Крлежа“ бр. 63

Објекти/
Индивидуалната куќа на ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 63 е дел од периметрален блок на слободностоечки куќи, со дворна површина од две страни покрај објектот. Останатите две фасади се ориентирани кон две улици, од кои на улица „Мирослав Крлежа“ го следи уличниот фронт, а на улица „Антоние Грубишиќ“ се отклонува од него, со цел формирање однос кон дворот. Поставеноста на агол е нагласено преку конвексно заоблување на аголот во зоната на приземјето и бетонската тераса во поткровјето, наспроти останатата строга геометрија на волуменот. Се развива во сутерен, приземје и поткровје и на сите нивоа е предвидена станбена содржина. Објектот е склоп на едноставни геометриски волумени и прочистена фасада, која се одликува со материјално поделен сутерен и третман на балконската ограда.
Период 1930-1939
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 63
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена