Куќа на Талви Јаков
Објекти/Индивидуалната куќа на Талви Јаков е проектирана во периодот меѓу двете светски војни, и проект за доградба на архитектот Кирил Жерновски од 1931 година. Не е познато дали проектот за целата куќа е дело на истиот архитект.
Објектот е поставен на агол од периметрален блок, ги следи уличните фронтови на двете улици, при што од едната страна граничи со објект, додека од другата страна е предвиден пристап кон двор, а со тоа и слободна фасада. Нагласувањето на аголот е преку полигонален ерекрен испуст во прв и втор кат кој се претопува во бетонска ограда на терасата на поткровје - карактеристично средство во модерниот архитектонски израз. Додека, како хоризонтална доминанта се истакнува линијата помеѓу приземјето и катот, како и линијата на раздвојниот венец. Симтеријата на објектот е разбиена со доминантна вертикала на природно осветленото скалишно јадро на една од уличните фасади. Главниот влез на објектот е од улица, но се пристапува и од страничниот двор.
Се развива во сутерен, приземје, два ката и поткровје и секој стан има свој посебен влез од подест. Светла висина на просториите е 3,50 м, а на подрумот 2,50 м.
Архитект Кирил Жерновски
Година на проектирање 1931
Соработници Кирил Жерновски - доградба
Инвеститор / Сопственик Јаков Д. Талви
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Наум Наумовски Борче„ бр. 81
Катност Су+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проект за доградба е изработен во 1931 година.КатностСу+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во сутерен се сместени дрварница и хаус мајстор, а на приземје, катовите и поткровјето има станбени содржини.СтруктураОбјектот е изграден во масивен носив систем. Темели од набиен бетон со дебелина од 60 см, ѕидови од добро печена тула и малтер во приземје и прв кат, тула од 30 см на втор кат. Преградни ѕидови со дебелина 15 см. Меѓукатната конструкција е дрвена со дрвен патос и плафон од трска. Покривот е изведен од дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ПокривПовеќеводен покрив, дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаОбјектот има фасада со обработка од малтер. Според проектот има декоративни елементи околу и под прозорците. Посебно е нагласен аголот со повисок и декоративен завршеток на венецот. Пиластри по целата висина на објектот.СтоларијаОбјектот има дрвени прозорци и надворешни врати кон балкони и дрвени влезни врати во објект. Вертикалните комуникации се осветлени со прозорци со метални рамки по цела висина.ПартерДвор ограден со парапет и столпчиња со исполна од тула и метална декоративна ограда.КонтекстИндивидуалната куќа на Талви Јаков се наоѓа во населбата Дебар Маало, поставен на агол од периметрален блок. Од едната страна граничи со сосед, додека од другата страна се наоѓа пристапна патека кон заден двор. Објектот го следи уличниот фронт, но нема стилска или висинска надоврзаност со соседните објекти.
- ПокривПовеќеводен покрив, покривање со ќерамиди, во дел од поткровјето има натстрешници од лим.ФасадаОбјектот има прочистена фасадна завршница со малтер во неколку бои. Приземјето има плитка, декоративна пластика со расчленување на површината со хоризонтални и вертикални линии.СтоларијаДел од столаријата се останати оригинални дрвени, а останатите прозорци, надворешни врати кон балкони и влезни врати во објект се од ПВЦ и алуминиум.ПартерДвор ограден со парапет и столпчиња со исполна од тула и метална декоративна ограда.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на надворешна столарија. Додавање на натстрешница на балкон на втор кат и на агол на поткровје. Доградување на поткровје. Објектот е проектиран Су+П+2К.
- историскa авторство архитектонска и естетска Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е во употреба.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје.