Kуќа на Нахмијас Витал
Објекти/Индивидуалната куќа на Нахмијас Витал е проектирана во 1936 година од архитект Иван Артемушкин. Објектот е дел од периметрален блок, поставен слободностоечки, одвоен од останатите објекти во низа, со патеки поставени покрај објектот кој водат кон заден двор. Се развива во сутерен, приземје и поткровје. Во сутеренот се предвидени станбена единица и подрумски простории, а на приземјето и поткровјето станбена содржина.
Објектот е налик формата „Г“, составен од два тракта кои ги следат уличните фронтови и се спојуваат во конвексно заоблен агол, често користен третман на агол. Нагласувањето на аголот е преку елемент на аголен балкон во поткровјето, карактеристично средство во модерниот архитектонски израз. Објектот е склоп на едноставни геометриски волумени и прочистена фасада, која се одликува со материјално поделен сутерен и третман на балконската ограда.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1936
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Орце Николов“ бр. 110
Катност Су+П+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проектот е изработен во 1936 година.КатностСу+П+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во сутеренот се предвидени станбена единица и подрумски простории, а на приземјето и поткровјето станбена содржина.СтруктураОбјектот е изграден во масивен систем. Покривот е изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ПокривПокривот е комбинација од рамен покрив, непроодна кровна тераса и двоводен кос покрив, со дрвена потконструкција и покривање од ќерамиди.ФасадаОбјектот е склоп на едноставни геометриски волумени и прочистена фасада, која се одликува со материјално поделен сутерен и третман на балконската ограда. Фасадата е обработена во теранова техника.СтоларијаОбјектот има дрвени прозорци, врата кон балкони и надворешна влезна врата. На северозападната фасада се појавуваат кружни прозорци, а комуникациското јадро е осветлено со прозорци со метални рамки по цела висина.ПартерЗаден двор пристапен од две страни од улица. Ограден со бетонски столбчиња и метална декоративна ограда.КонтекстИндивидуалната куќа на Нахмијас Витал е дел од периметрален блок во Дебар Маало, поставена на аголот од улиците „Орце Николов“ и „Георги Пешков“ (оригинално улици „Кнез Арсен“ и „Светозар Милетиќ“). Објектот е слободностоечки, одвоен од соседните објекти преку пристапни патеки за заден двор.
- ПокривПовеќеводен покрив, со покривање од лим.ФасадаОбјектот е склоп на едноставни геометриски волумени и прочистена фасада, која се одликува со материјално поделен сутерен (денес обоен со бела боја) и третман на балконската ограда. Фасадата е обработена во теранова техника.СтоларијаНадворешна столарија на објектот е променета во ПВЦ во бела боја.ПартерЗаден двор пристапен од две страни од улица-бетонски столбчиња и метална декоративна ограда – при главен влез - поставена нова ограда (во линија со доградена тераса).Состојба на надворешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на надворешна столарија. Доградба на дрвена натстрешница (летна тераса) - кон пешачка улица „Боемска“, како и чадори. Доградба на затворена тераса долж цел објект. Поставена нова ограда кон двор при главен влез – во линија со затворената тераса. Промена на кровен покривач. Доградба на затворена непроодна тераса кон улица (според проект е тераса).
- историскa авторство општествена / социјална Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е значаен за идентитетот на градот и е сеуште во употреба. Објектот е дело на реномиран автор, еден од главните градители во тој период.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Ефремовски М. Чаусидис Н. (2024). Артемушкин и Скопје - Архитектонското творештво меѓу двете светски војни. Скопје 2024 Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.337.42/485-507.