Станбена зграда на улица „Никола Тримпаре“ бр. 12
Објекти/Станбениот објект на ул. „Никола Тримпаре“ бр. 12 е изграден во 1932 година по проект на архитектот Кирил Жерновски, а изведен од страна на Стојче Жерновски. Во првата фаза е изграден еден објект, а три години подоцна е изграден уште еден објект за истата фамилија, прилепен до постоечкиот, симетричен на него, со кој функционираат како еден објект.
Објектот е поставен слободностоечки, одвоен од останатите објекти во низа, со патеки поставени покрај објектот кои водат кон заден двор. Се развива во сутерен, приземје и два ката. Во сутеренот се предвидени подрумски простории, додека на приземјето, катовите и поткровјето се предвидуваат станбени единици. Два главни, натскриени, влеза кои пристапуваат до заедничко скалишно јадро - природно осветлено, се поставени на уличната фасада, додека приземните станови имаат дополнителни два надворешни влеза – преку кујна и преку тераса. На секој кат се пристапува во по еден стан од јадро. Објектот има едноставен геометриски волумен и прочистена фасада, која се одликува со материјално поделен сутерен и третман на балконските огради – бетонски столпчиња и хоризонтали пречници.
Архитект Кирил Жерновски
Година на градење 1932
Соработници Стојче Жерновски - изведувач
Инвеститор / Сопственик Стојче Жерновски
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Никола Тримпаре“ бр. 12
Катност Су+П+2
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Во 1932 година е изграден првиот објект. По отприлика 3 години (1935 година) е изграден вториот објект прилепен на постоечкиот (за истата фамилија).КатностСу+П+2Програмски опис (опис на план по катови)Во сутерен се сместени подрумски простории, а на приземје и катовите се сместени станови.СтруктураОбјектот е изграден во масивен носив систем, со ѕидови од тула. Покривот е изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаПрочистена фасада, со завршна обработка од цементен малтер со додаток стакло (срчи). Балконите имале ограда со бетонски столпчиња и хоризонтални пречници.СтоларијаПрозорците се изработени од дрво со хоризонатлна профилација и надворешни врати кон балкони. Вратите во објектот се исто изработени од дрво (внатрешни и надворешни), влезните со надсветло.ПартерЗаден двор, пристапен од двете страни, заграден од страна на улицата со бетонски парапет и метална декоративна ограда.Ентериер / Заеднички содржиниБетонски завојни „П“ скали со завршна обработка од терацо со метална ограда со хоризонтални и вертикални пречници, дрвени скали и дрвена ограда со декорирани вертикали кон поткровје, дрвени еднокрилни и двокрилни внатрешни влезни врати кон стан.Ентериер / Приватни содржиниВо станбените постории подот е изведен од бродски под, во една станбена единица има паркет, дрвена внатрешна и надворешна столарија. Се појавуват неколку типови на внатрешни врати, еднокрилни, двокрилни и врати со стаклени отвори.КонтекстСтанбениот објект на ул. „Никола Тримпаре“ бр. 12 е дел од периметрален блок, поставен слободностоечки, одвоен од останатите објекти во низа со патеки поставени покрај објектот кој водат кон заден двор. Објектот го следи уличниот фронт, но нема стилска или висинска надоврзаност со соседните објекти.
- ПокривПовеќеводен покрив изведен од дрвена потконструкција и покривање со ќерамиди.ФасадаФасадата е реновирана, изведена е термо фасада, во две бои, жолта и сива и перен бетон во висина на сутерен. Оградата на бочните балкони, на јужната фасада се целосно затворени, а балконите на уличната, источна фасада ги имаат задржано оригиналните огради.СтоларијаДелумно променети прозорци и врати во ПВЦ, дел останати оригинални дрвени.ПартерЗаден двор, пристапен од двете страни, заграден од страна на улицата со бетонски парапет и метална декоративна ограда, од една страна, од другата има нова метална ограда.Ентериер / Заеднички содржиниБетонски завојни „П“ скали со завршна обработка од терацо со метална ограда со хоризонтални и вертикални пречници, дрвени скали и дрвена ограда со декорирани вертикали кон поткровје, дрвени еднокрилни и двокрилни внатрешни влезни врати кон стан. Реновирани тоалети и голем дел од другите простории.Ентериер / Приватни содржиниДелумно променети прозорци и врати во ПВЦ, останати дрвени. Оригинален бродски под и паркет.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностадобраАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениПо земјотресот појачана е едната зграда, поставени столови на аглите од објектот и појачани скали со метални профили (вертикали и коси греди). Санација на фасада – поставена термо фасада (освен кај еден стан), страничните балкони – бетонска ограда. Промена на надворешна и внатрешна столарија (делумно). Ентериерни промени – минимални промени во распоред на стан споед намена и минимални промени во однос на ѕидови – рушење/преградување.
- Покривот на објектот е во лоша состојба, често пропушта вода.
- историскa авторство техничка Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е дело на реномиран автор, еден од главните градители во тој период.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.