Станбена зграда на улица „Мирослав Крлежа“ бр. 27

Објекти/
Станбениот објект на ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 27 е проектиран од архитект Иван Артемушкин во 1932 година. Објектот е поставен на агол од периметрален блок, прекршен во три рамнини, од кои две улични фасади кои го следат уличниот фронт на блокот и калканска фасада, конкавно повлечена од аголот на блокот. Се развива во сутерен, приземје, два ката и поткровје. Во сутеренот се предвидени подрумски простории, додека на приземјето, катовите и поткровјето се предвидуваат станбени единици, чии соби се ориентирани кон улиците, додека сервисните простории се во задната зона кон внатрешноста на блокот. Становите на поткровјето во задната зона се повлечени од фасадната линија, со што се формираат отворени тераси, додека во предниот дел има и некорисен простор поради висината на таванот. Објектот има два натсркиени влеза, поставени еден до друг, со засебно скалишно јадро - природно осветлено, кои го делат обејктот на два дела. На секој кат се пристапува во по еден стан од секое јадро. Објектот има целосно прочистена фасада, чист волумен со прозорски отвори, со единствено нагласување на хоризонталите при раздвојниот венец и фасадна обработка со плочи во сутерен.
Година на проектирање 1932
Инвеститор / Сопственик Василије Лепревиќ
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Мирослав Крлежа“ бр. 27
Катност Су+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена