Станбена зграда на улица „Орце Николов“ бр. 72
Објекти/Станбениот објект на Колономос Бенко е проектиран од Михаел Матвејев во 1937 год.
Објектот е дел од низа, поставена линиски, ориентирана кон внатрешноста на блокот, одделена зонски со парк. Уличната фасада ја следи линијата на фронтот, додека задната фасада е ориентирана кон друг објект. Задната половина на објектот е потесна и се отклонува од источниот фронт, со што се формира мал двор, кон кого се ориентирани отворите. Објектот се развива во подрум, приземје и два ката во задната зона и во неа се наоѓа кујната репетитивно, додека во предната зона се издигнува и поткровје од кое се излегува на проодна кровна тераса врз останатиот волумен.
Во објектот се влегува и од јужната и од северната страна, во заедничко скалишно јадро, додека на приземјето е овозможено и влез преку тераса.
Објектот го следи типичниот модерен израз, едноставна геометризација на волумен, со исфрлување на централниот дел во прв и втор кат, кое преоѓа во парапетна ограда за тераса на поткровјето, а симетријата на објектот е нарушена со еднострани балкони во длабочина на испустот, кои формираат мал трем во приземјето.
Архитект Михаил Матвејев
Година на проектирање 1937
Инвеститор / Сопственик Колономос Бенко
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Орце Николов“ бр. 72
Катност По+Пр+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проектот е изработен во 1937 година.КатностПо+Пр+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во подрум се сместени подрумски простории, вешарница и тоалет со остава. Приземјето и катовите се со станбена содржина, секој спрат е посебна станбена единица со три соби, влезен хол, гардеробер, кујна и тераса. Во поткровјето се сместени две простории, дел за сушење алишта и покриена тераса.СтруктураТемелите и подрумските ѕидови се изведени од набиен бетон. Ѕидовите во приземјето, катовите и таванот се од полна тула и варов малтер. Меѓукатната конструкција над подрумот е од армирана бетонска рамна плоча, а над приземјето и катовите се армирано бетонски ребрасти плочи. Ѕидовите на приземјето и спратовите се зајакнати со армирано бетонски столбови и греди. Кровната конструкција е изведена од чамови греди и покривање со ќерамиди од филц.ПокривДвоводен покрив во еден дел, кровната конструкција е изведена од чамови греди и покривање со ќерамиди од филц и рамен покрив - проодна тераса во другиот дел.ФасадаФасадна завршница во продолжен малтер, со плитка декоративна пластика кај исфрлениот централен дел.СтоларијаДрвена надворешна столарија изработена од борово и чамово дрво. Влезната врата е комбинација на метални рамки со стакло.Ентериер / Заеднички содржиниГлавното скалишно јадро е изведено од армиран бетон. Подовите кај главниот влез, подести, тераса, тоалети, бањи, се изработени од полиран вештачки камен.Ентериер / Приватни содржиниПодовите во главните простории се изведени од паркет, а во сите други од чамови даски. Подовите во остава, тоалет, бања се изведени од цементен малтер.КонтекстСтанбениот објект се наоѓа во блок долж бул. „Св. Климент Охридски“. Поставен е во низа, уличната фасада е ориентирана кон парковско зеленило, додека останатиот дел од објектот е ориентиран кон внатрешен двор. Објектот го следи уличниот фронт кон пристапната станбена улица и ја следи линијата на венец на соседниот објект.
- ПокривПовеќеводен покрив, покрвање со ќерамиди, доградена баџа на една половина од објектот.ФасадаФасадна завршница во малтер, објектот е реновирана, префрарбана во маслинеста боја.СтоларијаДелумно останата автентична - дрвена надворешна столарија, дрвени капаци на прозорци, останати променети во ПВЦ прозорци и надворешни врати кон балкони.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениДоградба на гаражи во внатрешен двор. Промена на столарија. Санација на фасада, префарбана во друга боја. Доградба на тераса во приземје на јужна фасада.
- На делови од источната и северната фасада се забележува одрон на малтер.
- историскa архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.327.48/628-679.