Станбена зграда на Ристе Секулиќ
Објекти/Објектот е проектиран од архитектот Борче М. Ристиќ со основа на пресечена буква „Г“, кој со три фасади излегува на главна улица (порано), кон паркинг (денес). На западната фасада има пасаж кој води до внатрешниот двор и гаража. Влезот во објектот е поставен централно, приземјето е поткренато, а од влезниот хол овозможена е директен пристап и кон дворот. Влезот и средишниот дел на објектот е акцентиран со поставување на едноставни вертикални пилатри кои кои го надвишуваат венецот на остатокот од објектот. Ритмично поставување на прозорски отвори, симетричен изглед на фасада во поставување на прозорци и тераси. Во продолжение на објектот (на западната страна) е дограден објект, изграден во истиот стил.
Архитект Борче М. Ристиќ
Година на проектирање 1939
Инвеститор / Сопственик Ристе Секулиќ
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Максим Горки“ 31А
Катност Су+П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностСу+П+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземје има комерцијална содржина, а катовите се со станбена содржина.СтруктураТемелни стопи и темелни ѕидови, заедно со подрумските ѕидови се изведени од набиен бетон. Другиот дел е изѕидан од полна тула со варов малтер. Меѓуспратната конструкција е со армирано бетонски плочи. Последниот кат има дрвен плафонска конструкција исто како и кровната конструкција, со завршно покривање од ќерамиди филц.ПокривПовеќеводен покрив, дрвена потконструкција и завршна обработка со покривни ќерамиди со филц.ФасадаЗавршна обработка со продолжен малтер во два тона (окер нијанси). Во средишниот волумен на аголната фасада се појавуваат вертикални пиластри како второстепена пластика, нагласувајќи го волуменот кој излегува од повеќеводниот покрив.СтоларијаДрвени дупли прозорци, дрвени двокрилни влезни врати и дрвени внатрешни врати. Надворешната столарија е изработена од борово дрво, а внатрешната од чам.Ентериер / Заеднички содржиниВертикалните комуникации се природно осветлени, од влезот се качуваат шест висини (поткренато приземје) па се пристапува до армирано бетонски двокраки скали, подна обработка терацо и метална ограда.Ентериер / Приватни содржиниПодот во влезниот хол е обработен со плочки, во другите простории со исклучок на бањата подот е бродски под.КонтекстОбјектот е изграден во централното градско јадро како аголен објект, во близина на некогашното основно училиште „Гоце Делчев“ (срушено). На неговата источна страна се надоврзувал друг станбен објект, кој бил срушен при изградба на блоковите од Градски ѕид.
- ПокривПовеќеводен покрив, дрвена потконструкција и завршна обработка со покривни ќерамиди со филц. (Кровот е во автентична состојба).ФасадаЗавршна обработка со продолжен малтер во два тона (окер нијанси, според автентичната боја на објектот). Во средишниот волумен на аголната фасада се појавуваат вертикални пиластри како второстепена пластика, нагласувајќи го волуменот кој излегува од повеќеводниот покрив.СтоларијаНајголем дел од надворешната столарија е непроменета, дрвени дупли прозорци, дел се заменети со ПВЦ прозорци во бела боја (во делот на приземјето и задната фасада). Влезната врата е автентична - двокрилна со натсветло. Дел од двокрилните влезни врати се задржани, дел се променети.Ентериер / Заеднички содржиниВертикалните комуникации се природно осветлени, од влезот се качуваат шест висини (поткренато приземје) па се пристапува до двокраки скали, подна обработка терацо и метална ограда со дрвен гелендер.Ентериер / Приватни содржиниВо дел од становите се задржани оригиналните подови од плочки и бродски под. Во комерцијалниот објект (кафетерија) е задржан оригиналниот под од мермерни плочки.Состојба на надворешносталошаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениБоење на фасадата во оригиналните нијанси околу 90-тите години. Промена на дел од столаријата. Затворање (заѕидување) на тераси во задниот дел, кој гледа кон внатрешниот двор.
- историскa архитектонска и естетска
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх. бр. 6.1.350.1/1-143. Од приватната архива на семејството Секулиќ.