Куќа на фамилија Капетановиќ

Објекти/
Индивидуалната семејна куќа на семејството Капетановиќ е роектирана во 1935 година по проект на архитект Иван Артемушкин. Објектот е поставен на уличниот фронт на аголот на ул. Венец Цар Душан и ул. Копитарова (денес бул. св. Климент Охридски) и се развива во сутерен, приземје и кат. Поставена како слободностоечка куќа, на две страни е ориентирана кон соседни објекти, додека аголот помеѓу уличната фасада и фасадата ориентирна кон парковска површина е нагласен со заоблувње и дополнително –елемент на аголен балкон, со третман на балконските огради, карактеристично средство во модерниот архитектонски израз. Катот на објектот, во зоната на вертикалните комуникации и аголот ја следат фасадната линија, додека останатиот дел од објектот е повлечен од неа, со што се формираат тераси со бетонска ограда во продолжение од самата фасада кои се прекршуваат висински кон повисоките делови. Во приземјето и првиот кат се забележуваат нагласени хоризонтали околу прозорските отвори, доловени преку ситни испакнувања и декоративни фуги, додека комуникациското јадро е нагласено преку вертикален волумен и прозорски отвор по целата висина на скалишниот простор. Влезот во скалишното јадро, односно главниот влез на објектот е од страната на булеварот. Дополнително, на високото приземје се влегува и преку тераса.
Година на проектирање 1935
Инвеститор / Сопственик Ставриќ Милена
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 60а
Катност Су+П+1
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена