Станбена зграда на фамилија Бојаџиеви

Објекти/
Станбениот објект на фамилијта Бојаџиеви е проектиран во 1938 година по проект на архитектот Кирил Жерновски, а подоцна во 1938 година, фасадно ја обликува архитектот Јан Дубови. Објектот е во низа, со соседи од двете страни и се развива во сутерен, приземје кат и поткровје. Објектот во основа е во форма на буквата „Г“, формирајќи двор кон север. Уличната фасада го следи фронтот во линија на блокот, додека задната фасада е ориентирана кон дворот. Чистата геометрија на волуменот и академизмот на фасадните платна, се оживеани со употреба на елементи од македонската градителска традиција. Од вториот и третиот кат, еркерно се испуштаат чардаци – тераси со дизајнирана ограда и тенки декоративни столбови, над чии капители се поставени вути. Оваа пластика, дополнително е нагласена преку испуштањето на кровната стреа во линија на прекршувањето на фасадната линија. Дополнително се појавуваат тераси и на источната и северната фасада ориентирани кон атриум и заден двор на приземје и прв кат, додека на на поткровјето, во задната зона се појавува кровна проодна тераса, пристапна од предниот волумен. Земајќи го предвид генералниот стилски израз на објектот, наспроти нагласеното својство на апликација на бараниот стилски конфигуриран елемент, невозможно е објектот комплетно стилски да се одреди.
Година на проектирање 1938-1939
Соработници Јан Дубови - фасадно обликување
Инвеститор / Сопственик Бојаџијевиќ Дука
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 82 (оригинална - Стојан Новаковиќ бр. 54)
Катност Су+Пр+1+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
Заштитен статус Има