Станбена зграда на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 5
Објекти/Станбениот објект се наоѓа во строгиот центар, скулптурално поставен на главната улица на градот Скопје.
Објектот е дел од периметрален блок, изграден во вид на „П“ форма, два краци и полукружен дел кои ги спојува. Трактот ориентиран кон улицата е подолг од другиот ориентиран кон внатрешен двор, додека аголното заоблување наговестува на пролаз кон дворот, пауза во блокот, која го двои од соседниот објект. Приземјето на објектот, кон сите три страни реагира со околината преку различни комерцијални дејности. Објектот се развива во приземје, два ката и поткровје, кое е повлечено од фасадната линија, формирајки тераса во централниот полукружен дел, додека балконите на катовите се наоѓаат на трактовите бочно.
Фасадата е прочистена, со нагласени хоризонтали под и над прозорците, балконите и раздвојниот венец, карактеристично за академизмот.
Архитект Милован Ј. Смиљаниќ
Година на проектирање 1932
Инвеститор / Сопственик Лука Смиљаниќ
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 5
Катност П+2+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- КатностП+2+ПкПрограмски опис (опис на план по катови)Во приземје се сместени комерцијални дејности, а на катовите станбени содржини.ФасадаНадворешна обработка во малтер. Фасадата е прочистена, со нагласени хоризонтали под и над прозорците, балконите и раздвојниот венец, карактеристично за академизмот.КонтекстСтанбениот објект се наоѓа во строгиот центар на градот Скопје, директно изложен на фронтот на улица „Димитрие Чуповски“. Објектот е дел од периметрален блок, изграден во вид на „П“ форма, два краци и полукружен дел кои ги спојува. Аголното заоблување наговестува на пролаз кон внатрешен двор, кој го одделува од соседниот објект.
- ФасадаНадворешна обработка во малтер, обоена во две нијанси на жолто. Фасадата е прочистена, со нагласени хоризонтали под и над прозорците, балконите и раздвојниот венец, карактеристично за академизмот.СтоларијаПрозорци и надворешни врати кон балкони се ПВЦ во бела боја, а во приземјето има стаклени излози со алуминиумски профили.Состојба на надворешностазадоволителнаАвтентичност на надворешностазадоволителнаПромениПромена на столарија, прозорци и надворешни врати кон балкони. Промена на излози во приземје. Поставени натстрешници во приземје во корист на комерцијални дејности. Поставена настрешница на втор кат, на балкон, ориентиран кон внатрешен двор.
- историскa општествена / социјална емотивна Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е во употреба според оригиналната типологија. Објектот претставува референца за збирно место во градот.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.