Станбена зграда на Шукрет Зеќирије
Објекти/Објектот на „Лондон Паб“ е проектиран од 1933 до 1934 година од архитект Иван Артемушкин. Објектот се наоѓа во строгиот центар на градот, во еден од периметралните блокови кои ја формираат улицата „Максим Горки“, на самиот почеток од центарот. Објектот се протега на една половина од аголот на блокот, додека од другата страна подоцна се гради прилично симетричен објект на него. Прекршувањето на објектите на аголот, дополнително и нивната геометризација која не ја следи линијата на аголот од блокот, овозможува формирање на плато кое се надополнува во формата на блокот. На тој начин комуницира не само со уличниот фронт, туку и со отворените визури кон центарот на градот (денес плоштадот).
Објектот се развива во комерцијално приземје и четири станбени ката, со што е предвиден влез во еден од дуќаните од самиот агол, додека влезот во другиот дуќан, како и главниот влез во објектот за станбените единици се пристапни од улица „Прстолонаследник Петар“ (денес „Максим Горки“). Објектот е проектиран со централно поставено, природно осветлено скалишно јадро, кое внатрешно го дели објектот на два дела, и тоа во приземјето на два дуќани, со сервисна зона и пристап од внатрешниот двор, додека на секој од катовите се пристапува кон два стана, чии простории за дневен престој и спални соби се ориентирани надворешноста на аголот, а сервисните простории во задната, внатрешна зона.
Објектот се карактеризира со чиста геометриска композиција предводена од академизмот. Нагласувањето на аголот е преку елемент на аголен балкон со бетонски огради и столбови, како и надвишување на кровниот надоѕидок во истата зона. Доминантното влијание на модерните сфаќања на архитектурата се воочува и преку изведбата на прозорските отвори во линиска композиција, во хоризонтални ленти – препознатлив елемент на модерната архитектура.
Архитект Иван Артемушкин
Година на проектирање 1933-1934
Инвеститор / Сопственик Шукрет Зеќирије Муртезе и Бедрије Јашара
Град / Општина Скопје
/ Центар
Адреса ул. „Максим Горки“ бр. 3
Катност П+4
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена
- Хронологија на изградба (проект, градежни фази)Проектот е изработен во 1933 и 1934 година.КатностП+4Програмски опис (опис на план по катови)Во приземје се сместени комерцијално-деловно содржини, дуќани. На катовите има станбени единици.СтруктураАрмирано бетонска конструкција – столбови и платна.ПокривОбјектот е со рамен покрив, проодна тераса.ФасадаФасадна завршница во малтер со нагласени хоризонтали со ситна декоративна пластика, парапети и кровен надоѕидок. Аголот е нагласен со повисок венец, со хоризонтална декоративна пластика.СтоларијаНадворешната столарија (прозорци, влезна врата со надвратник и балконски врати) се изработени од дрво. Стаклени излози со метални профили во приземје.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски завојни скали со завршна обработка во терацо, декоративна метална ограда со дрвен гелендер. Ѕидови со внатрешна обработка во малтер и внатрешни дрвени врати.КонтекстОбјектот на „Лондон Паб“ се наоѓа во строгиот центар на градот, во еден од периметралните блокови кои ја формираат улицата „Максим Горки“, на самиот почеток од центарот. Објектот се протега на една половина од аголот на блокот, додека од другата страна подоцна се гради прилично симетричен објект на него.
- ПокривОбјектот е со рамен покрив, проодна тераса. На еден дел од терасата е доградено поткровје.ФасадаФасадна завршница во малтер, нагласени хоризонтали со ситна пластика во кафеава боја. Со истата боја се нагласени венецот и прозорците на аголот.СтоларијаПрозорците, надворешните врати кон балконите на прв кат и влезна врата во објектот со надвратникот се дрвени. Прозорците и надворешните врати кон балконите на втор и трет кат се изработени од ПВЦ во бела боја. Во приземје излозите се стаклени со ПВЦ профили.Ентериер / Заеднички содржиниАрмирано бетонски завојни скали со завршна обработка во терацо, декоративна метална ограда со дрвен гелендер. Ѕидови со внатрешна обработка во малтер. Внатрешните врати се од дрво, ПВЦ и алуминиум.Состојба на надворешностадобраСостојба на внатрешностадобраАвтентичност на надворешностазадоволителнаАвтентичност на внатрешностазадоволителнаПромениРеновирање и промена на боја на фасада. Промена на надвореша столарија. Доградба на затворена тераса долж целата фасада на објектот и аголот на блокот. Поставена настрешница на балконот на четвртиот кат.
- историскa авторство архитектонска и естетска општествена / социјална Објектот го преживеа земјотресот од 1963 год. и е врежан во меморијата на градот. Објектот е значаен за идентитетот на градот и е сѐ уште во употреба.
- Препорака до имателите на доброто: Да се почитува вредноста на објектот при поставување на елементи директно на фасадите и доколку се прават промени истите да бидат во насока на зачувување на неговата автентичност.
- Ефремовски М. Чаусидис Н. (2024). Артемушкин и Скопје - Архитектонското творештво меѓу двете светски војни. Скопје 2024. Грчев, К. (2003). Архитектонските стилови во македонската архитектура од крајот на 19 век и периодот меѓу двете светски војни. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Државен Архив на Република Северна Македонија, Одделение Скопје. арх.бр. 6.1.320.56/477-594.