Дом Ибни Пајко

Објекти/
Станбено – деловниот објект „Ибни Пајко“, проектиран од архитект Глигорие Томиќ од 1937-1038 година. Објектот ги истакнува сите начела на модерната архитектура, актуелна во четириесеттите години, во однос на функционала организација и примена на економични конструкции. Поставен на агол од периметрален блок, во прочистен модерен израз, со конкавно закривување на челното фасадно платно, формира плоштад, додека ослободувањето на приземјето со колонадата столбови, е со цел непрекинато пешачко движење. Објектот има подрум, приземје и четири ката, со тоа што последниот кат е плитко исфрлен од фасадниот волумен, поддржан на кратки конзолни испусти. Интервенција, со која се расчленува масивноста на челната фасада. Длабокиот трем, дополнително го дематерилизира волуменот што се развива над него. На едната бочна фасада се појавуваат скулптурални балкони кои ја разбиваат симетријата на објектот. Главниот влез за станбените единици е на челната фасада, под тремот, како и пристапите кон комерцијално – деловните единици во приземјето. Скалишното јадро е природно осветлено долж целата висина на фасадата ориентирана кон внатрешниот двор.
Година на проектирање 1937-1938
Инвеститор / Сопственик Вакуфска дирекција во Скопје
Град / Општина Скопје / Центар
Адреса Пајко Маало, Црвена скопска општина
Катност По+М+Пр+3+Пк
Типологија според оригиналната намена
Типологија според денешната намена